Компактен "сè-во-едно" уред во боја Овој практичен и едноставен за користење стилски "сè-во-едно" уред, со модерен црно-бел дизајн, нуди одличен квалитет во боја за помалите фирми. Овој повеќенаменски уред кој е подготвен за мрежно поврзување, го олеснува споделувањето на можноста за печатење во боја, копирање и скенирање кај малите работни групи, со што се зголемува продуктивноста.
Врвен излезен квалитет Напредните технологии за обработка на слика на Canon овозможуваат верна репродукција на живописни бои и изострен текст во црна боја, што веднаш може да се забележи од висококвалитетните отпечатени материјали. Автоматското усовршување на сликата обезбедува печатење до 2400 x 600 dpi. i-SENSYS MF8040Cn врши печатење и копирање со брзина од 8 страници во минута во боја и 12 стр./мин.во црно-бел формат. За забрзување на работните процеси кај малите работни групи достапен е автоматски механизам за снабдување со документи за 50 листови, додека на излезните материјали се губи малку време благодарение на кусото време до излегување на првата копија. Благодарение на технологиите за брзо печатење на првата страница од Canon, се постигнува минимално доцнење при печатење и копирање директно од режимот на мирување.
Едноставен за ракување За екстремно едноставно користење, практично поставените копчиња за решенија со еден допир овозможуваат уште попријатно корисничко искуство. Тие нудат директен пристап до клучните функции, вклучувајќи брзо скенирање директно на вашиот PC и еко-копирање за комбинирање на повеќе страници во една отпечатена страница, со што ќе заштедите хартија и ќе ги намалите трошоците.
Практично користење Сите неопходни информации кои потребни за ракување со машината се прикажани на јасниот 5-линиски LCD екран со задно осветлување. Интуитивните менија им овозможуваат на корисниците попродуктивна работа и брза навигација помеѓу различните функции – вклучувајќи ги и функциите како скенирање на USB, со која се олеснува дистрибуцијата на документите.
Пониски работни трошоци Заштедете енергија и скратете ги вашите трошоци, истовремено намалувајќи ја емисијата на јаглерод. Енергетски ефикасниот i-SENSYS MF8040Cn поседува Energy Star сертификат со ниска типична потрошувачка на енергија (TEC). Технологијата за фиксирање по потреба на Canon исто така значи дека уредот има ниска потрошувачка на енергија во режим на мирување, која е водечка на пазарот.
|