За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Ласерски мултифункционални уреди > i-SENSYS MF8180C

Canon i-SENSYS MF8180C
Ласерски мултифункционални уреди

Архива на производи

LaserBase-MF8180C

Добијте професионално ласерско печатење, копирање, испраќање факсови и скенирање во боја - се во еден компактен мултифункционалец, кој ги намалува трошоците. Вградениот мрежен интерфејс ја зголемува вашата продуктивност во боја.

Карактеристики

  • Ласерски се-во-едно
  • Квалитет на печатење 2400 x 600 dpi (подобрено)
  • 19 стр/мин црно-бело, 4 стр/мин во боја
  • Super G3 испраќање факсови
  • Скенирање во боја: 9600 x 9600 dpi (подобрено)
  • Вграден мрежен интерфејс за печатење/испраќање факсови
  • Лесна замена на касетата со тонерот
Се-во-едно ласерско печатење, копирање, испраќање факсови и скенирање во боја, за мали канцеларии



Вашето комплетно ласерско решение во боја
Овој ласерски се-во-едно, во боја, овозможува професионално ласерско печатење, копирање, испраќање факсови и скенирање во боја, на вашата работна маса. Тој има подготовка за мрежа и не му треба дополнителен прибор, така што ги добивате предностите од комплетна продуктивност во боја, во една компактна единица. Значително ги намалува инвестициските трошоци и го штеди канцеларискиот простор.

Ласерско печатење со висок квалитет
Резолуцијата на печатење од 600 x 600 dpi испорачува отпечатоци во боја, со ласерски квалитет. Добијте рамномерен и свеж текст, подобрен до еквивалент на 2400 x 600 dpi со софтвер. Уникатниот безмаслен S Toner, на Canon, овозможува совршена завршна обработка на бојата.

Отпечатоци со голема брзина
Печатете и копирајте со брзи 19 страници во минута, во црно-бело, и 4 страници во минута, во боја. Започнете да печатите во истиот миг, бидејќи со технологијата на Canon, за фиксирање на бојата на-барање, речиси нема чекање наоколу за излегување на првиот отпечаток.

Брзо, професионално испраќање факсови
Модемот за факс Super G3 пренесува факсови за 3 секунди по страница* за да ги скрати комуникациските трошоци. Факс меморијата за 256-страници* безбедно ги чува дојдовните факсови ако се потрошат хартијата или тонерот. Технологијата на ултра-висок квалитет, на Canon, обезбедува сите детали да излезат јасно, кога се испраќа комбинација од дијаграми, фотографии и текст.

Супериорно скенирање во боја
Скенирајте ги документите и фотографиите во боја директно во PDF или во е-пошта. Оптичката резолуција на скенирање од 1200 x 2400 dpi, а при зголемување за максимум детали достига до 9600 x 9600 dpi. Интерфејсот USB2.0 Hi-Speed го забрзува преносот на сликите помеѓу вашиот уред и компјутерот.

Мрежно печатење и испраќање факсови
Стандардно вградениот Ethernet интерфејс овозможува продуктивно мрежно печатење и испраќање факсови преку компјутер, за работни групи. Подготвен е за користење и лесно се инсталира во вашата постоечка мрежа. Далечинскиот кориснички интерфејс им овозможува едноставна контрола на корисниците и на мрежните администратори.

Лесна замена на касетата
Сиот потрошен материјал доаѓа во лесно заменливи касети. Само заменете ги касетите со тонер за секоја боја, без компликации и без валкање. Заменете ја барабанската касета, кој ги содржи сите суштински делови и вашата машина ќе биде како нова.

Интелигентни опции
Копирајте, испраќајте по факс и скенирајте документи со повеќе страници, со помош на автоматскиот механизам за вовлекување, за 50 страници. Флексибилното ракување со хартијата го овозможуваат касета за 250 листа и повеќенаменски магацин за 125 листа.

* Базирано на ITU-T стандардна табела бр.1

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Драјвери
Сродни производи
Печатачи со ласерски зраци
Ласерски факс уреди
Дигитални персонални уреди за копирање
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба