Стилски "сè-во-едно" уред кој ќе ви заштеди простор Забележете како ќе ви порасне продуктивноста преку практичното и едноставно користење на овој компактен ласерски "сè-во-едно" уред во боја. Подготвен за поврзување во мрежа заради лесно споделување во рамките на малите работни групи, тој нуди комбинација на автоматско двострано печатење, копирање, скенирање и испраќање факс во еден современ уред кој заштедува простор. Со својот модерен црно-бел дизајн, i-SENSYS MF8380Cdw одлично ќе се вклопи во секое канцелариско опкружување.
Поврзување со Wi-Fi За едноставно поврзување од која било точка во работната група, i-SENSYS MF8380Cdw е компатибилен со Wi-Fi и лесно ќе се интегрира во вашата безжична мрежа.
Забрзајте ги работните процеси Печатењето на големи количини сега е достапно за секого, со помош на i-SENSYS MF8380Cdw. Уредот врши печатење и копирање со брзина од 20 страници во минута во боја и црно-бел формат, поддржан од автоматскиот двостран механизам за снабдување со документи за 50 листови. На излезните материјали се губи малку време благодарение на брзото време до излегување на првата копија. Благодарение на технологиите за брзо печатење на првата страница од Canon, се постигнува минимално доцнење при печатење и копирање директно од режимот на мирување.
Едноставно ракување со еден допир Едноставноста е стандардно вградена на овој "сè-во-едно" уред – со копчиња за решенија со еден допир кои ќе ви овозможат едноставен пристап до клучните функции. Тие вклучуваат брзо скенирање директно на вашиот PC; еко-копирање за комбинирање на повеќе страници во една отпечатена страница, со што ќе заштедите хартија и пари; и безбедно печатење за заштита на доверливите документи и намалување на отпадот. Исто така тука е практичниот 5-линиски LCD екран со задно осветлување со интуитивни менија, на кој се прикажани најважните информации. Ова на корисниците им овозможува брза навигација помеѓу различните функции и извлекување на максимум од уредот.
Испраќање и споделување Заштедете време и бидете попродуктивни преку дистрибуирање на вашите документи со помош на SEND функционалноста од Canon. Таа ќе ви овозможи скенирање и испраќање на документи директно на e-mail, мрежен фолдер или на USB мемориски уред. Испраќањето и споделувањето на документи исто така е олеснето со користење на технологијата за компресија "компактен PDF" со која фајловите се намалуваат на околу една десетина од големината која може да се постигне со стандардни техники – без влијание врз квалитетот.
Заштедете енергија и пари Врвната енергетска ефикасност на i-SENSYS MF8380Cdw ќе ги намали вашите трошоци – како и емисијата на јаглерод. Усогласен со Energy Star, типичната потрошувачка на енергија (TEC) на уредот е меѓу најниските во рамките на класата. Благодарение на технологијата за фиксирање по потреба на Canon, уредот има ниска потрошувачка на енергија во режим на мирување која е водечка на пазарот, без притоа да се загрозат перформансите.
|