практичен 4-во-1 Искористете ги предностите од супериорното печатење во боја, испраќање факсови, фотокопирање и скенирање во еден стилизиран, економичен уред кој ви заштедува простор.
Исклучителен квалитет на боја и чист црн текст. Збогатете ги вашите маркетинг материјали со убави слики во боја, истакнати графики и јасен текст. Овој модел за на биро вклучува во себе голем број современи технологии што можат да се сретнат кај врвните уреди на Canon со цел обезбедување на најдобриот квалитет во боја.
Штеди време, намалува трошоци за енергија Со технологиите Quick First-Print постигнато е нула време за загревање, така што нема чекање. Уредот започнува со работа во моментот кога е тоа потребно. А со брзина до 17 стр/мин на печатени или фотокопирани материјали во боја, исто така нема чекање за завршување на печатењето. i-SENSYS MF8450 има добиено сертификат за Energy Star и троши само 1,2 вати во режим на мирување.
Максимална корисност Големиот 3,5 инча TFT дисплеј во боја со Тркалцето за лесно превртување овозможува лесен пристап до сите функции. Графичко мени ориентирано кон цели овозможува брзо, беспрекорно работење.
Споделете ја продуктивноста Споделете го печатењето, скенирањето и испраќањето на факсови преку компјутер (само испраќање) со овој уред спремен за вмрежување. Интуитивниот волшебник за нагодување ви помага веднаш да се поврзете, додека пак функцијата за управување со ID на корисник го ограничува пристапот само за овластен персонал.
Моќна функционалност ИСПРАЌАЊЕ. Забрзајте го и поедноставете го вашиот проток на работа. Скенирајте и ИСПРАЌАЈТЕ документи во боја за директна дистрибуција, брзо и лесно преку е-пошта, мрежен сервер за датотеки, FTP сервер, интернет факс или USB мемориски тастер. Документите можат да се скенираат во бројни дигитални формати вклучително и во ‘Compact PDF’ користејќи ја уникатната технологија на Canon за компресирање.
Продуктивност доведена до максимум Намалени трошоци, заштеда на хартија и производство на професионални документи со автоматско двострано печатење. Автоматскиот дуплекс вовлекувач на документи (Duplex Automatic Document Feeder) овозможува автоматско двострано фотокопирање, скенирање и испраќање на факс. Со максимален капацитет на хартија од 850 листови во А4 големина (со изборен потпирач) и 384 MB заедничка меморија, i-SENSYS MF8450 може да се справи и со обемот на работа на најзафатените мали бизниси.
Брзо испраќање на факс Брзо и ефикасно испраќање на документи благодарение на Super G3 факс модем и 200 брзи вртења. Нашата Ултра високо квалитетна технологија обезбедува детални документи да се испрќаат на иделаен начин.
Касети во боја се-во-едно Искористете ги придобивките од краен производ со постојан висок квалитет. Секоја од овие четири компактни касети содржи тонер, барабан и единици за чистење - намалувајќи ја на тој начин потребата од одржување и зголемувајќи ја сигурноста истовремено. Заменувањето е чисто и брзо, со лесно полнење од предната страна.
|