Ласерски "сè-во-едно" уред во боја Извлечете придобивки од врвно печатење во боја, испраќање факс, копирање и скенирање со една стилска единица која ги намалува трошоците и заштедува простор.
Заштедете време, намалете ги трошоците за енергија Благодарение на технологиите за брзо печатење на првата страница од Canon, времето на загревање станува еднакво на нула, така што повеќе нема да чекате. Уредот ќе започне со извршување на задачите во моментот кога ви е потребен. i-SENSYS MF9280Cdn, кој поседува Energy Star сертификат, ви овозможува да заштедите и пари благодарение на неговата мала потрошувачка на енергија
Исклучителен квалитет на боите и чист црн текст Внесете дополнителен ефект во вашите испечатени документи со прекрасните слики во боја, нагласената графика и остриот текст. Овој уред се одликува со многу напредни технологии кои можат да се најдат во врвните уреди за обработка на слика од Canon, со цел да обезбеди најдобар квалитет на боите.
Совршено поврзување во мрежа Оваа единица со можност за поврзување во мрежа нуди поддршка за PCL 5c, PCL 6 и PostScript ниво 3 за едноставна интеграција во вашето постоечко опкружување за печатење. Споделувајте продуктивно печатење, скенирање и испраќање факс преку компјутер (само испраќање) со целата работна група. Далечинскиот кориснички интерфејс им овозможува на корисниците и администраторите директно управување со статусот на уредот преку нивните веб-пребарувачи.
Моќна SEND функционалност Го забрзува и поедноставува работниот процес. Брзо и лесно скенирање на документи во боја за директна дистрибуција преку e-mail, сервер за фајлови на мрежа, FTP сервер, интернет факс или USB мемориски уред. Документите можат да се скенираат во голем број дигитални формати, во кои спаѓа и "компактен PDF", со помош на уникатната технологија за компресирање на Canon.
Најсовремено користење Големиот TFT екран во боја од 3,5 инчи (8,8cm) со тркалце за лесно движење ви овозможува едноставен пристап до сите функции. Организираното графичко мени овозможува брзо и беспрекорно ракување.
Максимизирајте ја продуктивноста Намалете ги трошоците, заштедете хартија и печатете професионални документи со помош на двостраното печатење. Автоматскиот двостран механизам за снабдување со документи овозможува брзо и автоматско двострано копирање, скенирање и испраќање факс. Со максималниот капацитет за хартија од 850 A4 листови (со изборно подножје), i-SENSYS MF9280Cdn може да се справи со најобемните задачи дури и во најдинамичните мали бизниси.
"Сè-во-едно" картриџи во боја Извлечете придобивки од висококвалитетното континуирано печатење. Сите четири компактни картриџи во боја содржат тонер, барабан и единици за чистење – со што се намалуваат потребите за одржување и се зголемува сигурноста. Заменувањето е брзо и чисто, со едноставно полнење од предната страна.
|