Стандардна XGA резолуција и светла живописна слика Со проектирање на стандардна XGA резолуција (1024 x 768 пиксели), LV-7275 се одликува со исклучително моќна, живописна и прецизна слика. Осветленоста од 2600 лумени и контрастот од 500:1 осигуруваат висококвалитетни перформанси и одлична репродукција на боите во секој момент – обезбедувајќи врвни резултати во повеќето деловни ситуации.
Извонредно тивко функционирање Во средните и помалите простории за состаноци, особено е значајна можноста за ефикасно комуницирање. Бидејќи LV-7275 создава само 29dBA во тивок режим, публиката ќе може одлично да се фокусира на содржината на презентацијата.
Широкоаголен објектив со зум од 1,2x Широкоаголниот објектив со зум од 1,2x создава исклучителна слика при широк опсег на растојанија. LV-7275 овозможува проектирање на голема слика од куси растојанија. На пример, слика со дијагонала од 100” (203 x 152cm) може да се добие од само 3,1 метри.
Автоматска трапезоидна корекција LV-7275 вклучува автоматска трапезоидна корекција, функција која автоматски го исправа изобличувањето на сликата предизвикано од закосување на проекторот. Може да се врши вертикално прилагодување до +/– 30 степени. Уште една опција за прилагодување е компензацијата на бојата на екранот, со девет режими, вклучувајќи режими за бела и зелена табла, кои помагаат да се изврши корекција на неприродните бои предизвикани од основната боја на подлогата.
Вграден звучник со 7W RMS Излезната моќ од 7W RMS на вградениот звучник кај проекторот е повеќе од доволна за исполнување на училница, соба за состаноци или деловна просторија. Доколку е потребно, линискиот излезен приклучок нуди аудио излез за надворешен засилувач.
Зголемена функционалност Интелигентниот дизајн дозволува лесна замена на лампата на проекторот – преку отворот на горната страна од уредот. Замената е навистина лесна, дури и кога проекторот е монтиран на таван. Специјалното капаче го заштитува објективот и спречува навлегување на прав во проекторот, додека благодарение на новата рачка за носење LV-7275 е навистина пренослив.
Опции за поврзување со DVI и RJ-45 RJ-45 приклучокот кај овој проектор го олеснува контролирањето и следењето преку компјутерска мрежа – со што LV-7275 е идеален за интегрирање со AV контролни системи. DVI приклучокот со HDCP можности овозможува репродукција на извонредно остра слика од дигитални извори.
|