Острина, осветленост и вредност Едукативните и деловните корисници кои бараат квалитет каков што нуди Canon во проектор кој претставува исклучителна вредност за потрошените пари ќе бидат воодушевени од LV-7290. Стандардна XGA резолуција (1024x768) и 2200 лумени, како и сооднос на контрастот од 2000:1 со Auto Iris, кои обезбедуваат реалистични бои и длабоки црни тонови. Со само 2,9kg, LV-7290 е неверојатно пренослив и има одлични спецификации.
Објективи со врвен квалитет Неверојатно пренослив проектор кој нуди беспрекорни перформанси во секоја пригода. Како што може да се очекува од еден од врвните водечки производители на објективи во светот, LV-7290 се одликува со висококвалитетен широкоаголен објектив за проектирање со 1,2x зум, за големи слики дури и на мала оддалеченост (идеален за во канцеларија, училница или мала соба за состаноци).
Голем број на практични функции Благодарение на LV-7290, лесно ќе добиете квалитетни резултати со минимален напор. Автоматската вертикална трапезоидна корекција од ± 20° го елиминира изобличувањето и рачното подесување кое одзема многу време, додека автоматското пребарување на влезот ви овозможува едноставно приклучување и користење. Вградениот звучник од 10W е идеален за додавање звук на вашата презентација, додека практичниот линиски излезен приклучок ви овозможува да поврзете надворешен засилувач за звук со поголема моќност. Само 29dBA во еко режим значи дека вниманието на вашата публика нема да биде нарушено од несаканиот шум на вентилаторот.
Приклучоци кои се потребни Мрежниот приклучок RJ-45 ви овозможува далечинско следење и контролирање на LV-7290 – идеално за plug-and-play интеграција со системи за контрола на простории или LAN.
Безбедни за животната средина Со одржливи функции како век на траење на ламбата до 6000 часа (еко режим), век на траење на филтерот до 5500 часа и потрошувачка на енергија помала од 1W во режим на подготвеност (при исклучена мрежа), LV-7290 ќе ви помогне да ја намалите емисијата на јаглерод и вашите работни трошоци – вистински бонус за еден основен модел на проектор.
Извонредно ниски работни трошоци Освен достапна цена, LV-7290 се одликува со долг век на траење и делови кои можат да бидат сервисирани од страна на корисникот и формираат хибриден филтер за воздух со три слоја. Поедноставните промени на ламбата овозможуваат ниски дополнителни трошоци. Резултатот е? Проектор кој нуди комбинација од квалитетот на Canon и исклучително ниска продажна цена.
|