Осветлен и јасен во секакви услови LV-7295 е идеален за корисници на кои им се потребни можности за висококвалитетно проектирање и кога патуваат и кога се во канцеларијата. Нудејќи моќен спој од стандардна XGA резолуција (1024×768), 2600 лумени и сооднос на контрастот од 2000:1 со Auto Iris, LV-7295 нуди репродукција на живописни и привлечни бои со длабоки црни тонови во секакви услови на осветлување. Продажбите и техничките тимови кои често вршат презентации во деловните простории на клиентите ќе бидат воодушевени од перформансите на овој проектор.
Објективи со чувство Благодарение на висококвалитетниот широкоаголен објектив за проектирање со 1,2x зум кој обезбедува прецизни слики дури и во незгодни простории, LV-7295 е опремен да ги задоволи потребите во секакви услови. Применувајќи го 70-годишното наследство на Canon како иноватор за оптика, објективот на LV-7295 лесно може да проектира големи слики на мала оддалеченост – извонредна предност за работници кои работат на терен или во мали простории како канцеларии и училници.
Приспособливи за светот кој се менува Кога имате потреба да направите презентација или обука во компанијата на клиентот која сакате да остави голем впечаток, не сакате да губите време и внимание на поставувањето на вашата опрема. Автоматско пребарување на влезот, автоматска вертикална трапезоидна корекција од ± 20° и избор од девет режими на слика кои му овозможуваат на LV-7295 да се подготви за работа со извонредна брзина. Вградениот звучник од 10W ви овозможува да ја збогатите вашата презентација со моќен звук од вашиот лаптоп или друг извор на звук, а излезниот приклучок за звук ви овозможува да поврзете надворешен засилувач.
Поврзување и контрола Мрежниот приклучок RJ-45 на LV-7295 ви овозможува далечинско следење и контролирање на проекторот – идеално за plug-and-play интеграција со денешните застапени системи за контрола на простории.
Добри за вас, добри за планетата Одржливиот пристап за производство и дизајн на Canon значително се забележува кај LV-7295: како на пример векот на траење на ламбата до 6000 часа (во еко режим) или 4000 часа (нормален режим), векот на траење на филтерот до 5500 часа и потрошувачката на енергија помала од 1W во режим на подготвеност (при исклучена мрежа). Овие функции кои заштедуваат енергија не само што ја намалуваат потрошувачката на природни ресурси – туку ви заштедуваат и пари.
Достапен за набавка, едноставен за одржување За уште повеќе да ја намали вкупната цена за набавка на LV-7295, проекторот вклучува делови со долг век на траење кои можат да бидат сервисирани од страна на корисникот, како што е хибридниот филтер за воздух со три слоја и ламбата која лесно се заменува – намалувајќи ја потребата за скапа надворешна поддршка.
|