Стандардна XGA резолуција LV-7370 нуди можност за добивање на моќна и живописна слика благодарение на стандардната XGA резолуција (1024 x 768 пиксели). Осветленоста од 3000 лумени обезбедува одлична видливост на проектираната слика, дури и во поголеми простории и при високо ниво на амбиентална осветленост.
Сооднос на контрастот од 500:1 Благодарение на импресивниот сооднос на контрастот од 500:1 кај LV-7370, вие ќе можете да уживате во суптилните градации на боите и длабоките црни тонови кои се неопходни за прецизна репродукција на сликата.
Речиси бесчујно функционирање Нивото на шум при користењето на проекторот е спуштено на минимум. LV-7370 емитува само 29dBA во тивок режим, така што тој воопшто не им пречи на луѓето кои ја следат висококвалитетната слика.
Широкоаголен објектив со зум од 1,2x Со помош на широкоаголниот објектив со зум од 1,2x можно е проектирање на голема слика при мала оддалеченост. Со LV-7370 можно е добивање на максимална слика од 300” (610 x 457cm), но исто така можно е и добивање на слика од 100” (203 x 152cm) при оддалеченост од само 3,1 метри.
Автоматска трапезоидна корекција Кога проекторот е закосен во однос на платното доаѓа до изобличување на сликата - но со автоматската трапезоидна корекција се врши електронско прилагодување за добивање на оптимална слика. Функцијата за автоматска трапезоидна корекција може да надомести вертикално закосување до +/- 30 степени. Компензацијата на бојата на екранот е дополнителна практична можност: деветте опции, вклучувајќи режими за зелена и бела табла, помагаат да се изврши корекција на изобличувањето на боите предизвикано од основната боја на подлогата.
Особини за поедноставно користење Благодарение на рачката за носење која е вградена во уредот, LV-7370 е исклучително пренослив. Тој се одликува со лесни неутрални бои кои одлично се вклопуваат во секакви ентериери. Благодарение на отворот на горната страна од уредот замената на лампата е лесна дури и кога проекторот е монтиран на таван. Специјално дизајнираното капаче на објективот го спречува навлегувањето на прав во проекторот.
Моќен аудио излез Вградениот звучник со 7W RMS излезна моќност нуди доволно гласен звук за исполнување на релативно големи простории за состаноци.
Мрежно и DVI поврзување RJ-45 приклучокот овозможува контрола и следење на проекторот преку мрежа. DVI приклучокот со HDCP можности нуди репродукција на остра слика од дигитални извори.
|