Одете на почетната страница на Канон
Прелистајте ги вашите омилени производи на Канон и дознајте повеќе за нашите канцелариски решенија
Погледнете го нашиот возбудлив спектар на производи за корисници на професионални и домашни производи
Дознајте како Канон може да ви помогне да пронајдете совршено решение за вашата деловна активност
За сите информации за организацијата Канон
Детали за контакти во врска со глобалните активности на Канон
Целата техничка и друга помош која ви е потребна за да го добиете најдоброто од производите на Канон
Пронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон

Пронаоѓач на производ

Спореди производи

You Connect

Креативен парк

Услужете се сами

Нови производи

Производи и решенија

за дома

За на работа

За нас

Поддршка

Каде да
се купи

Контакт

Пребарај

Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Проектори > LV > LV-7375

Canon LV-7375
Проектори

LV-7375

LV-7375 со своите 3500 лумени е најсветлиот проектор во рамките на ултра преносливата LV серија. Сместен е во стилско куќиште со современ дизајн, додека стандардната XGA резолуција овозможува проектирање на голема слика.

Карактеристики

  • Стандардна XGA резолуција
  • 3500 лумени
  • Сооднос на контрастот од 500:1
  • Тивок режим со 29dBA
  • 1,2x Canon објектив за зумирање
  • Автоматска трапезоидна корекција
  • Вграден звучник од 7W
  • DVI приклучок
  • RJ-45 мрежен приклучок
  • Поедноставено користење

Со 3500 лумени и звук од 7W, ова е навистина моќен компактен XGA проектор.



Стандардна XGA резолуција и извонредно осветлена слика
Одликувајќи се со стандардна XGA (1024 x 768 пиксели) резолуција, LV-7375 нуди слика со остри и живописни детали. Осветленоста од 3500 лумени гарантира извонредно светла слика – дури и при прикажување во добро осветлени средини, како деловни простории или амфитеатри.

Сооднос на контрастот од 500:1
LV-7375 се одликува со висок сооднос на контрастот од 500:1, што гарантира верна репродукција на проектираната слика, со живописни бои и длабоки црни тонови.

Многу тивко функционирање
Овој проектор се карактеризира со многу мало ниво на шум, со само 29dBA во тивок режим, со што воопшто не го одвлекува вниманието при проекцијата: публиката ќе може целосно да се концентрира на содржините.

Објектив со зум од 1,2x и параметри за корекција на сликата
Широкоаголниот објектив со зум од 1,2x нуди можност за проектирање на голема слика од кратко растојание – можно е добивање на слика со дијагонала од 100” (203 x 152cm) на растојание од само 3,1 метри. Достапни се девет режими за компензација на бојата на екранот, вклучувајќи режими за зелена и бела табла: со нив се врши корекција на неприродните бои предизвикани од основната боја на подлогата.

Автоматска трапезоидна корекција
Автоматската трапезоидна корекција врши електронска корекција на изобличувањето на сликата кое се случува кога проекторот е закосен. LV-7375 може да надомести вертикално закосување до +/- 30 степени.

Ергономски дизајн за поедноставено користење
За поголема преносливост во проекторот е вградена рачка за носење. Светлите бои овозможуваат елегантно вклопување во секаков ентериер. Уредот исто така располага и со отвор на горната страна за брзо и лесно менување на лампата – дури и кога проекторот е монтиран на таван. Специјално дизајнираното капаче на објективот го спречува навлегувањето на прав во проекторот.

Вграден звучник
Во проекторот е вграден моќен звучник со 7W RMS излезна моќност и линиски излезен приклучок, со што се овозможува добивање на јасен звук, дури и во поголеми простории.

Поврзување со DVI и RJ-45
Проекторот располага со DVI приклучок со HDCP можности, за репродукција на остра слика од дигитални извори. Со својот RJ-45 приклучок, LV-7375 нуди директна контрола и следење преку мрежа – за совршена интеграција со AV контролни системи.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања

Брошури

Сродни производи

Проектори XEED
Камкордери со висока резолуција
Камери за визуелна комуникација

  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба