Осветлени, нагласени презентации LV-7390 претставува совршен избор за сложени опкружувања во кои е потребна осветлена и прецизна проекција на слики. Одликувајќи се со стандардна XGA резолуција (1024×768), 3000 лумени и сооднос на контрастот од 2000:1 со Auto Iris, LV-7390 нуди постојан приказ на длабоки црни тонови и моќни бои низ целиот спектар – дури и во силно осветлени простории или при високи нивоа на амбиентална светлина.
Врвна технологија на објективи LV-7390 се одликува со висококвалитетен широкоаголен објектив за проектирање со 1,2x зум кој го применува 70-годишното наследство на Canon како производител на објективи од светска класа. Освен можноста за проектирање јасни слики без изобличувања во затворени простории, LV-7390 обезбедува висококвалитетни слики низ целиот негов опсег на оддалеченост.
Флексибилност за опкружувања со големи потреби Без разлика каде или на кој начин сакате да го користите LV-7390, ќе откриете дека неговите практични функции ќе ви помогнат да добиете резултати без мака. Тој претставува идеален уред за мобилните тимови: автоматското пребарување на влезот и автоматската вертикална трапезоидна корекција од ± 20° овозможуваат брзо и практично поставување на LV-7390, додека еко режимот со само 29dBA значи дека вниманието на вашата публика нема да биде нарушено од шумот на вентилаторот од проекторот – дури и во мали простории. Со тежина од само 2,9kg, LV-7390 е извонредно пренослив со моќни функции.
Поврзете се Мрежниот приклучок RJ-45 ви овозможува далечинско следење и контролирање на LV-7390 – идеално за plug-and-play интеграција со системи за контрола на простории или поврзување со корпоративен LAN. Вградениот звучник од 10W и линискиот излезен приклучок ви нудат избор од флексибилни опции за звукот.
Одржување на нашето опкружување Рефлектирајќи ја филозофијата на Canon за "еколошко" деловно работење, LV-7390 нуди избор од функции за заштедување на енергија и ресурси. Векот на траење на ламбата до 6000 часа, векот на траење на филтерот до 5500 часа и потрошувачката на енергија помала од 1W во режим на подготвеност (при исклучена мрежа) придонесуваат за намалување на трошоците.
Помали трошоци, помало одржување LV-7390 не се одликува само со конкурентна и достапна цена: тој содржи и голем број на делови со долг век на траење кои можат да бидат сервисирани од страна на корисникот, на пример хибриден филтер за воздух со три слоја кој овозможува вашите вкупни трошоци да бидат извонредно ниски. Тие траат три и половина пати подолго од стандардната електростатична верзија со еден слој, а едноставните промени на ламбата преку горниот капак на проекторот ја намалуваат вашата потреба од скапа надворешна поддршка.
|