Револуционерен начин на осветлување Компактниот LV-7490 е најосветлениот и извонредно пренослив проектор од серијата LV на Canon. Стандардната XGA резолуција (1024×768) обезбедува неверојатно остри слики дури и во услови со амбиентално или неконтролирано осветлување, додека соодносот на контрастот од 2000:1 со контрола на ламбата нуди богати темни тонови и реалистични бои со сите видови на изворни материјали. Тој претставува идеален спој на функции за деловни или едукативни корисници кои имаат потреба од остра, осветлена проекција која остава голем впечаток, особено во поголеми простории.
Објективи кои се фокусирани на квалитет Како што може да се очекува од врвен водечки производител на објективи во светот, LV-7490 се одликува со висококвалитетен широкоаголен објектив со 1,2x зум кој проектира јасно и прецизно – дури и во затворени простории. Со преносливи проектори од кои се очекуваат одлични резултати во сите видови на простории, можноста на LV-7490 за проектирање на големи слики на мала оддалеченост ќе се покаже како непроценлива.
Флексибилни и разновидни перформанси Изборот од практични и добро обмислени функции овозможува брзо и едноставно добивање на одлични резултати со LV-7490 – без оглед на задачата или условите. Автоматското пребарување на влезот и автоматската вертикална трапезоидна корекција од ± 20° ви овозможуваат да ја поставите и започнете вашата презентација за неколку минути, додека вградениот звучник од 10W обезбедува моќен звук за опкружувања како училници.
Сите приклучоци кои се потребни Мрежниот приклучок RJ-45 ви овозможува далечинско следење или контролирање на LV-7490 – идеално за plug-and-play интеграција со денешните широко распространети и популарни системи за контрола на простории. За дополнителна флексибилност, LV-7490 нуди три аудио влезови и линиски излезен приклучок за поврзување на надворешен засилувач на звук. SCART и RGB изворите можат да се приклучат преку кабел со адаптер (може да се купи одделно).
Безбедни за животната средина Долготрајната обврска на Canon кон одржливоста е присутна во дизајнот на LV-7490. "Еколошките" функции како век на траење на лампата до 5000 часа, век на траење на филтерот до 5500 часа и потрошувачка на енергија помала од 1W (со исклучена мрежа) помагаат во намалувањето на емисијата на јаглерод и вашите трошоци за електрична енергија.
Достапен за набавка и одржување LV-7490, кој се одликува со прифатлива цена, содржи делови кои можат да бидат сервисирани од страна на корисникот и ги минимизираат циклусите за одржување и трошоците. Неговиот хибриден филтер за воздух со три слоја трае три и половина пати подолго од стандардната електростатична верзија со еден слој, а едноставните промени на ламбата преку горниот капак на проекторот ја намалуваат потребата за скапа поддршка и ги намалуваат трошоците.
|