Моќен излез Додадете ефект на сите презентации со нашиот најсветол проектор досега. Обезбедувајќи излез со значителни 7000 лумени, LV-7590 е направен со одлични перформанси за големи простории. Ефикасниот систем на оптика и стандардната XGA резолуција ги одржуваат сликите навистина остри – сè до дијагонала од 400”.
Живописни бои Соодносот на контрастот од 1800:1 работи со новиот уред за контрола на боите за обезбедување на најживописните, а сепак реалистични бои, кои можат да се замислат. Особено забележливо кај црвените и зелените нијанси, системот обезбедува подобрување во просторот на бои до 20%.
Објектив со 1,3x зумирање LV-7590 може да се испорача со или без висококвалитетен заштитен објектив со зум од 1,3x. Овој стандарден објектив е дизајниран да се погрижи за опкружувањата со најчеста инсталација.
Палета на заменливи објективи За оние ситуации во кои стандардниот објектив не е соодветен, LV-7590 лесно може да се прилагоди, благодарение на палетата изборни објективи. Од опција за исклучително широк агол - која е идеална за задна проекција - до зумирање со исклучително долг фокус за максимална оддалеченост, сеопфатната палета на објективи се погрижува секое сценарио на инсталација да биде покриено.
Моторизирано поместување на објективот Можностите за вертикално и хоризонтално поместување на објективот обезбедуваат лесно поставување на слики без губење на квалитетот. Вертикалното поместување може да варира помеѓу 1:1 и 10:0 (50% од висината на сликата), додека хоризонталното поместување може да се регулира помеѓу 3:2 и 2:3 (10% од ширината на сликата).
Разновидно поврзување LV-7590 користи DVI-D приклучок компатибилен со HDCP, традиционален D-sub 15-пински терминал и 5 x BNC приклучоци за висок квалитет на сликата при поврзување со долги кабли. Освен тоа, овој модел е опремен со нови два аудио влеза и еден аудио излез, за интеграција со надворешни системи за звук.
Едноставно одржување Филтерот за воздух со автоматско чистење овозможува проекторот да работи без проблеми кога е поставен на тешко достапни места. Материјалот во филтерот автоматски се обновува по потреба, овозможувајќи му на LV-7590 да продолжи да обезбедува сигурни перформанси до 10.000 часа.
Механичка бленда За да се избегне несаканото истекување на светлина, овој модел е опремен со механичка бленда. Блендата моментално целосно го затемнува екранот на проекторот – корисно при промена на сцената за време на презентации или театарски претстави.
Network Imager (програма за мрежна обработка на слики) Изборниот LV-NI03 Network Imager на Canon обезбедува опширна далечинска контрола и можности за предупредување. Сликите може да се достават до проекторот и преку мрежата, при што се добива можност за оддалечени презентации.
|