Преглед на широк екран со стандардна WXGA резолуција Ставете го овој проектор со високи перформанси во соба за конференции, училница или амфитеатар и профитирајте од совршенството на сликата – благодарение на стандардната WXGA (1280 x 800 пиксели) резолуција со висок квалитет. Можноста за прикажување слики во сооднос на слика со широк формат 16:10 го прави LV-8215 целосно компатибилен со преносливи компјутери со широк екран.
Остри слики, живописни бои Проектирањето со 2600 лумени обезбедува светли слики дури и во добро осветлени опкружувања. Соодносот на контрастот од 450:1 обезбедува остри и чисти слики со богата и живописна репродукција на бојата.
Широкоаголен објектив со зум од 1,2x Совршено проектирајте слики во мал простор со разновидниот LV-8215. Широкоаголниот објектив со зум од 1,2x на Canon може да проектира голема слика при мала оддалеченост – создавајќи дијагонала на слика од 100” (215 x 135 cm) на само 2,9 метри.
Ги скратува работните трошоци, зачувува ресурси Скратете ги вашите работни трошоци и намалете го вашето влијание врз околината со овој енергетски ефикасен проектор. Во режим на подготвеност, потрошувачката на енергија изнесува само 0,7 вати. Постои продолжен век на траење на ламбата до 5.000 часа кога работи во тивок режим. Дури и специјален мерач на јаглен го прикажува намалувањето на CO2 кое се постигнува во тивок режим, во споредба со функционирање во нормален режим.
Тивки перформанси како шепот Друга предност на тивкиот режим е тоа што нивоата на звук се спуштени на само 29dBA. Нема вознемирувачки шум во заднина, така што публиката може целосно да се фокусира на содржината на вашата презентација.
Автоматска корекција на слика Автоматската трапезоидна корекција автоматски го исправа изобличувањето на сликата предизвикано од закосување на проекторот, во опсег од +/- 30 степени. Компензацијата на бојата на екранот нуди девет режими, вклучувајќи режими за бела и зелена табла, за обезбедување на точна репродукција на боја за сите видови површини.
Моќен аудио излез Излезната моќ од 7W на вградениот звучник кај проекторот обезбедува јасна акустика во релативно големи простори. Доколку е потребно, линискиот излезен приклучок нуди аудио излез за надворешен засилувач.
Едноставно поставување Овој пренослив проектор е едноставен за користење насекаде, благодарение на едноставното и интуитивното поставување и вградената рачка за носење. Лесното заменување на ламбата преку врвот на единицата и капачето на објективот кое е отпорно на прав обезбедуваат минимално одржување.
Изборно мрежно и DVI поврзување Приклучокот RJ-45 на проекторот ја прави контролата и следењето преку мрежа едноставно. DVI приклучокот со HDCP можности нуди репродукција на остра слика од дигитални извори.
|