Осветлен и прекрасен WXGA резолуцијата (1280x800) и широкиот сооднос на сликата го прават LV-8225 совршен спој на перформанси и достапност. 2500 лумени и висок сооднос на контрастот од 3000:1 кои го прават LV-8225 идеален за деловни и едукативни корисници на кои им е потребен врвен квалитет при сите видови на осветлување и работни услови.
Исклучителни објективи кои се вградуваат стандардно Без разлика каква потреба имате, објективот за проектирање со 1,2x зум на LV-8225 ви гарантира одлични резултати во речиси секакви услови – благодарение на технологиите за објективи од светска класа на Canon. LV-8225 обезбедува јасни слики без изобличување дури и при проектирање на големи слики на мала оддалеченост – без загуби во квалитетот.
Флексибилни и разновидни перформанси Благодарение на неговите практични функции, ќе добивате одлични резултати од LV-8225 за многу кратко време – без оглед на вашата задача или опкружување. Со автоматското пребарување на влезот, ќе имате можност да го поврзете вашиот лаптоп и да ја започнете вашата презентација за неколку минути, додека автоматската вертикална трапезоидна корекција од ± 20° брзо го отстранува изобличувањето на сликите. Вградениот звучник од 10W и линискиот излезен приклучок ви нудат флексибилен избор за опции на звукот, додека еко режимот со 29dBA овозможува вашата публика да остане фокусирана на содржините – а не на непријатниот шум во позадина.
Врвно поврзување Вградениот мрежен приклучок RJ-45 ви овозможува далечинско следење и контролирање на LV-8225 – идеално за интеграција со популарните системи за контрола на простории. Како алтернатива, RS-232c овозможува поврзување на проектори преку сериска врска.
Одржливи – за вас и вашето деловно работење Обврската на Canon кон животната средина влијае врз дизајнот на LV-8225. "Еколошките" функции како век на траење на ламбата до 6000 часа, век на траење на филтерот до 5500 часа и потрошувачка на енергија помала од 1W во режим на подготвеност (при исклучена мрежа) помагаат во намалувањето на емисијата на јаглерод и вашите трошоци за електрична енергија.
Достапен за набавка и одржување LV-8225, кој е достапен а сепак нуди високи перформанси, содржи голем број делови кои можат да бидат сервисирани од страна на корисникот и ги минимизираат циклусите за одржување и трошоците. Неговиот хибриден филтер за воздух со три слоја трае три и половина пати подолго од стандардната електростатична верзија со еден слој, а едноставните промени на ламбата преку горниот капак на проекторот ја намалуваат потребата за скапа надворешна поддршка и ги намалуваат вашите трошоци.
|