Стандардна WXGA резолуција и 16:10 широк формат на слика LV-8300 нуди стандардна WXGA (1280 x 800 пиксели) резолуција за корисниците кои очекуваат слика со високи перформанси, со одлична јасност и врвни детали. Со можност за прикажување на сооднос на слика од 16:10, овој проектор е целосно компатибилен со компјутерите со широк екран.
Висока осветленост и сооднос на контрастот од 500:1 Извонредно светлата слика од 3000 лумени кај LV-8300 овозможува одлична видливост дури и во добро осветлени простории. Соодносот на контрастот од 500:1 кај овој проектор придонесува за живописност на боите и верно прикажување на длабоките црни тонови.
Извонредно тивко користење За да го спречи одвлекувањето на вниманието за време на презентациите овој проектор располага со тивок режим, кој го намалува емитуваниот шум на само 29dBA.
Широкоаголен зум објектив Разноврсноста на LV-8300 се демонстрира преку широкоаголниот објектив со зум од 1,2x, кој овозможува добивање на голема слика при релативно мали растојанија од платното за проекција. Оваа способност за проектирање од куси растојанија значи дека вие ќе можете да добиете слика со дијагонала од 100” (215 x 135 cm) на оддалеченост од само 2,9 метри.
Автоматска трапезоидна корекција Со автоматската трапезоидна корекција кај LV-8300 се врши автоматска корекција на геометријата на сликата заради компензирање на закосувањето на проекторот, максимално до +/- 30 степени. Дополнителна корекција на сликата е можна со компензацијата на бојата на екранот: девет режими, вклучувајќи режими за бела и зелена табла, кои помагаат да се изврши корекција на неприродните бои предизвикани од основната боја на подлогата.
Моќен вграден звук Вградениот звучник кај LV-8300 има излезна моќност од 7W RMS, што е доволно за обезбедување на задоволувачка јачина на звук кај повеќето простории за состаноци. Исто така постои и линиски излезен приклучок за случаи кога е потребно дополнително засилување.
Поедноставено користење Зголемената функционалност на проекторот вклучува капаче на објективот кое го спречува навлегувањето на прав во уредот. Ергономски дизајнирана, вградената рачка за носење е комфорна и практична. Замената на лампата е лесна благодарение на практичниот отвор на горната страна од уредот, со што се овозможува вадење на лампата дури и кога проекторот е монтиран на таван.
Опции за поврзување За контрола и следење преку мрежа, кај LV-8300 проекторот Canon има вградено RJ-45 приклучок. DVI приклучокот со HDCP можности нуди репродукција на остра слика од дигитални извори.
|