Осветлен, јасен и достапен. Одликувајќи се со WXGA резолуција (1280x800) и широк сооднос на слика од 16:10, LV-8320 нуди врвни перформанси и достапна цена. Деловните и едукативните корисници кои имаат потреба од моќен сеопфатен проектор ќе бидат воодушевени од осветлената слика и длабоките црни бои кои ги нуди LV-8320. Осветленоста од 3000 лумени, импресивниот сооднос на контрастот од 2000:1 и преносливиот и лесен дизајн му обезбедуваат извонредно разновидни перформанси на LV-8320.
Оптика со високи перформанси. Широкоаголниот објектив за проектирање со зум од 1,6x овозможува флексибилно поставување на проекторот во простории со каква било големина. Применувајќи ја експертизата од технологијата за објективи на Canon која е позната во целиот свет, LV-8320 обезбедува детални слики со широк формат без изобличување, дури и на рабовите на сликите – подеднакво во деловните или едукативните опкружувања.
Дизајнирани за едноставно ракување. Иновативни функции како паралелно проектирање на слики (слика-во-слика или слика-до-слика) и поставување на боја на ѕидот ќе ви помогнат да направите незаборавни презентации со минимален напор. Неискусните корисници можат да го постават и користат нивниот LV-8320 за многу кратко време. Практичната функција за автоматското пребарување на влезот автоматски ќе го открие вашиот лаптоп или друг извор на слика, додека автоматската вертикална трапезоидна корекција од ± 20% ја обновува геометријата на сликата. Вградениот звучник од 10W и линискиот излезен приклучок ви нудат флексибилен избор на опции за звукот. Корисната функција за лозинка ви помага да го заштитите вашиот LV-8320 од неовластено користење.
Одлично поврзување. HDMI влезот му овозможува на LV-8320 да проектира јасни слики од денешните дигитални извори. Тука е и вградениот мрежен приклучок RJ-45 кој ви овозможува далечинско следење и контролирање на LV-8320 – на пример преку систем за контрола на простории.
Одржлив дизајн. Рефлектирајќи ја нашата посветеност за намалување на нашето влијание врз животната средина преку дизајнот на производите, Canon вгради палета на врвни одржливи функции во LV-8320. Векот на траење на ламбата на проекторот до 5000 часа, векот на траење на филтерот до 5500 часа и – во еко режим – потрошувачката на енергија помала од 1W во режим на подготвеност (со исклучена мрежа) помагаат во намалување на вашето влијание врз животната средина. Интелигентниот систем за контрола на ламбата помага во одржувањето на добар контраст и природни бои кога се прикажуваат потемни сцени и истовремено ја намалува потрошувачката на енергија до 62%*. Во еко режим, LV-8320 при работа генерира 29dBA.
Лесно, економично одржување. И покрај напредните функции, LV-8320 се одржува на едноставен и ефикасен начин. Неговата ламба, која може да биде сервисирана од страна на корисникот, лесно се заменува преку горниот капак на проекторот.
* Споредба помеѓу нормален и автоматски режим на ламбата на LV-8320 со избран динамичен режим на слика.
|