Вградена SXGA+ резолуција Со вградена SXGA+ резолуција (1400 x 1050 пиксели), XEED SX80 репродуцира слики во мирување или во движење со зачудувачка јасност - и доволно ниво на детали дури и кај специјализирани апликации. Технологијата на Canon LCOS исто така одбегнува проектирање на лоши слики, репордуцирајќи детални слики без несаканите ефекти на „решетка“ или „виножито“.
Исклучителна бистрина Со дарежлива бистрина од 3000 лумени, XEED SX80 обезбедува јасни, високо дефинирани слики. Оптичкиот систем на Canon AISYS го доведува до максимум пероформансот на високо ефикасната AC лампа на проекторот, за моќно проектирање кое се пробива низ високите нивоа на амбиентално светло.
Голем контраст Стапката на контраст од 900:1 обезбедува XEED SX80 верно да ги репродуцира сите бои од оригиналната слика . Со длабоки црни и живи бои, дури и најсуптилниот премин во нијансите се репродуцира со неверојатна точност.
Лесно поставување XEED SX80 е опремен со новиот Canon 1.5x моќен објектив за зумирање, специјално дизајниран за да може да се справи со нарушувањата и за да и даде идеална геометрија на сликата. Покрај тоа, офсетот на објективот 10:0 ја прави инсталацијата неверојатно лесна.
Со подготовка за HD За идеални слики од дигитални извори со висока дефиницја, HD Ready XEED SX80 е опремен со DVI терминал и HDMI™ конектор. Поддржува HDCP шифрирање, овозможувајќи репродуцирање на комерцијален видео материјал.
Презентации без компјутер XEED SX80 користи USB и PictBridge технологија за директно проектирање на датотеки со слики од USB флеш драјвери и од повеќето дигитални фотоапарати – идеален за прилики кога носењето на компјутер е непрактично.
Интегрирано работење во мрежа Опремен со on-board RJ-45 портал, XEED SX80 може директно да се поврзе со мрежа заради контрола и надзор. Ова го прави идеален за интегрирање со стандардни индустриски AV контролни системи.
Тивка работа Работејќи на нивоа на бука од само 31dBA во Тивок режим, XEED SX80 нема да и го одвлекува вниманието на вашата публика со буката на вентилаторот. Тивкиот режим исто така го продолжува векот на траење на лампата до максимални 3000 часови.
Целосно автоматско нагодување (set-up) На допир на копче, XEED SX80 автоматски ги конфигурира четирите клучни нагодувања: Фокус (Focus), Клучна корекција (Keystone Correction), Избор на инпут (Input Selection) и Корекција на боја на екран (Screen Colour Correction). Нагодувањата се приспособуваат точно во секунди, оставајќи ви слобода да се концентрирате на вашата презентација.
Практичен дизајн Мазното, лесно куќиште на XEED SX80 е компатибилно со секоја канцеларија или сала. Заради лесно одржување, избраниот Canon ceiling bracket овозможува лампата да се менува без да се преместува проекторот.
|