Стандардна SXGA+ резолуција Со стандардна SXGA+ резолуција (1400 x 1050 пиксели), XEED SX800 ги прикажува фотографиите и видео снимките со неверојатна јасност - и доволно ниво на детали дури и за апликациите со посебни барања. LCOS технологијата на Canon исто така ги надминува честите проблеми кај проекциите, репордуцирајќи детални слики без несаканите ефекти на „решетка“ или „виножито“.
Исклучителна осветленост Благодарение на големата осветленост од 3000 лумени, XEED SX800 обезбедува јасна слика со одлична дефиниција. AISYS оптичкиот систем на Canon ги максимизира перформансите на ефикасната AC лампа на проекторот, овозможувајќи моќна проекција дури и при високо ниво на амбиентална осветленост.
Висок контраст Соодносот на контрастот од 900:1 кај XEED SX800 обезбедува верна репродукција на сите бои од оригиналната слика. Со длабоки црни тонови и живописни бои, дури и најсуптилниот премин меѓу нијансите се репродуцира со беспрекорна прецизност.
Лесно поставување XEED SX800 располага со висококвалитетен моторизиран Canon објектив со 1,5x зум, кој е специјално дизајниран за помало изобличување и совршена геометрија на сликата. Освен тоа, поместувањето на објективот од 10:0 значително ја олеснува инсталацијата.
Тивко функционирање Работејќи со ниво на бука од само 31dBA во тивок режим, XEED SX800 нема да го одвлекува вниманието на публиката со шумот на вентилаторот. Тивкиот режим исто така го продолжува векот на траење на лампата до максимални 2500 часови.
Автоматско поставување XEED SX800 нуди автоматско поставување, со вертикална трапезоидна корекција и избирање на активниот влез со едно притиснување на копче, така што вие ќе можете да се концентрирате на вашата презентација.
Практичен дизајн Елегантното лесно куќиште на XEED SX800 одлично се вклопува во секоја канцеларија или сала. Заради лесно одржување, опционалниот носач за монтажа на таван од Canon овозможува лампата да се менува без вадење на проекторот.
|