Со SXGA+ резолуција и 3000 лумени, XEED SX80 Mark II обезбедува кристално јасна слика. Врвната способност за поврзување овозможува проектирање речиси од секаков извор, вклучувајќи DVI, HDMI, па дури и USB флеш мемориски уреди.
|
Стандардна SXGA+ резолуција Со стандардна SXGA+ резолуција (1400 x 1050 пиксели), XEED SX80 Mark II создава слики со неверојатна јасност и високи нивоа на детали дури и за апликациите со посебни барања. LCOS технологијата на Canon ги надминува честите проблеми кај проекциите, репродуцирајќи детални слики без несаканите ефекти на „решетка“ или „виножито“.
Исклучителна осветленост и врвен контраст Благодарение на големата осветленост од 3000 лумени и соодносот на контрастот од 900:1, XEED SX80 Mark II обезбедува јасна слика со одлична дефиниција. AISYS оптичкиот систем на Canon ги максимизира перформансите на ефикасната AC лампа на проекторот, овозможувајќи моќна проекција. Прикажувајќи длабоки црни тонови и живописни бои, дури и најсуптилниот премин меѓу нијансите се репродуцира со голема јасност и прецизност.
Лесно поставување SX80 Mark II е опремен со моторизиран 1,5x објектив за проектирање од Canon, специјално дизајниран за отстранување на изобличувањето и добивање совршена геометрија на сликата. Освен тоа, поместувањето на објективот од 10:0 значително ја олеснува инсталацијата.
PHOTO режим на слика SX80 Mark II располага со нов ‘фото’ режим на слика, кој е специјално дизајниран за оптимална репродукција на sRGB фотографски слики. Земајќи ги во предвид тонот на бојата и амбиенталното осветлување, фотографиите можат да се репродуцираат со извонредна прецизност на боите, без оглед на различните услови на осветлување.
Целосно автоматско поставување Со еден допир на копче, XEED WUX10 автоматски ги конфигурира четирите клучни параметри: фокус, трапезоидна корекција, избор на влезен сигнал и корекција на боја на екран.
Презентации без потреба од компјутер XEED SX80 Mark II употребува USB технологија за директно проектирање на фајловите со слики од USB флеш мемориските уреди. Фотографиите, слајдовите и другите слики во JPEG формат можат да се проектираат директно од флеш мемориските уреди. Дополнително, можно е директно прикажување на сликите од дигиталните фотоапарати кои се компатибилни со PictBridge.
Сеопфатно поврзување SX80 Mark II е опремен со DVI и HDMI™ приклучоци, со целосна поддршка за HDCP. Дополнително, достапен е вграден RJ-45 приклучок за директно поврзување на мрежа. Со тоа се овозможува контролирање и надзор, преку интегрирање со стандардни AV контролни системи.
Тивко функционирање Работејќи со ниво на бучава од само 31dBA во тивок режим, проекторот нема да го одвлекува вниманието на публиката со шумот на вентилаторот. Тивкиот режим исто така го продолжува векот на траење на лампата до максимални 3000 часови.
Практичен дизајн Елегантното куќиште со сјајна бела боја на XEED SX80 Mark II совршено ќе се вклопи во секоја канцеларија или просторија за состаноци.
|