Чиста WUXGA резолуција и способност за целосен HD Со проектирањето според WUXGA резолуција (1920 x 1200), XEED WUX10 на Canon нуди врвна моќ на слика - бистра репродукција, слики на компјутер со широк екран со висок контраст и целосно 1080p High Definition видео. Canon LCOS технологијата ги надминува ограничувањата на конвенционалното проектирање, репродуцирајќи фини детаљи без несаканите ефекти на „решетка“ или „виножито“.
Исклучителна бистрина XEED WUX10 го користи оптичкиот систем AISYS на Canon за да обезбеди остри, јасни слики со бистрина од моќни 3200 лумени. AISYS ја доведува до максимум ефикасноста на патот на светлината за да се добие најмногу што може од високо ефикасната AC лампа на проекторот, за резултати кои се пробиваат меѓу високите нивоа на амбиентално светло.
1000:1 контраст Системот AISYS на Canon исто така обезбедува висока стапка на контраст од 1000:1. Ова обезбедува верна репродукција на секоја суптилна градација кај сликите од изворот, со јаки црни и живописни бои.
Лесно поставување XEED WUX10 е опремен со новиот Canon 1.5x моќен објектив за зумирање, специјално дизајниран за да може да се справи со нарушувањата и за да и даде точна геометрија на сликата. Офсетот (балансираност) на објективот од 10:0 ја прави инсталацијата особено лесна.
Целосно автоматско нагодување (set-up) На допир на копче, XEED WUX10 автоматски ги конфигурира четирите клучни нагодувања: Фокус (Focus), Клучна корекција (Keystone Correction), Избор на инпут (Input Selection) и Корекција на боја на екран (Screen Colour Correction). Нагодувањата се приспособуваат точно во секунди, оставајќи ви слобода да се насочите кон вашата презентација.
High Definition поврзаност Дизајниран за употреба со HD извори, XEED WUX10 е опремен со DVI терминал и HDMI™ конектор. Поддржува HDCP шифрирање, овозможувајќќи репродуцирање на комерцијален видео материјал.
Интегрирано работење во мрежа Со неговиот on-board RJ-45 портал, XEED WUX10 може директно да се поврзе со мрежа заради контрола и надзор. Ова го прави идеален за интегрирање со стандардни индустриски AV контролни системи.
Тивка работа Работејќи на нивоа на бука од само 31dBA во Тивок режим, XEED WUX10 нема да и го одвлекува вниманието на вашата публика со буката на вентилаторот. Тивкиот режим исто така го продолжува векот на траење на лампата на максимални 3000 часови.
Практичен дизајн Со лесен дизајн кој тежи само 4.9кг, XEED WUX10 нуди врвна моќ на проектирање во особено практична, компактна форма. Заради дополнителна удобност, карактеристиката „Исклучи и замини“ (“Off and Go”) овозможува моментално исклучување на кабелот за напојување на крајот од презентацијата.
|