Совршена комбинација за одличен квалитет на сликата XEED WUX5000 ја подига границата за квалитет кај монтажните проектори. Овозможувајќи проекција со WUXGA резолуција (1920 x 1200 пиксели), тој прикажува слики од PC или Macintosh со исклучителна јасност и репродуцира Full HD видео со совршени детали. Технологијата LCOS на Canon обезбедува слика со неверојатен квалитет, која ги надминува типичните несакани ефекти при проектирање на конвенционална слика која предизвикува ефекти на „решетка“ или „виножито“.
Извонредни перформанси XEED WUX5000 се одликува со најновата генерација на оптичкиот систем AISYS од Canon, кој обезбедува моќни 5000 лумени за сите содржини, независно од боите. AISYS ги оптимизира перформансите на панелите LCOS, за добивање на резултати кои постигнуваат „реалистична“ осветленост на боите. Големиот сооднос на контрасот од 1000:1 обезбедува живописни бои и одлични црни тонови. Усогласувањето на Delta-E бои е извонредно и многу близу до професионално калибрирани уреди.
Заменливи моторизирани објективи од Canon За XEED WUX5000 е достапна палета на висококвалитетни моторизирани објективи. Објективот за стандардно зумирање од 1,5x е идеален за повеќето инсталации, а за поголеми простории е достапен објектив за зумирање од 1,7x со долг фокус. Исклучително широкиот фиксен објектив е совршен за задни проекции. Висококвалитетните објективи од Canon се специјално дизајнирани да ја максимизираат осветленоста со исклучителна дефиниција и геометрија на сликата.
Напредни функции за инсталирање За едноставно користење, функциите за моторизирано зумирање, фокусирање и поместување на објективот може да се менуваат преку далечинскиот управувач со прецизност од половина пиксел. XEED WUX5000 поседува совршена контрола која е потребна за монтирање на еден или повеќе проектори, како 3D, системи со редење или спојување и куполи.
Флексибилна интеграција и разновидно поврзување Приклучоците DVI-D и HDMI овозможуваат поврзување на XEED WUX5000 со дигитални High Definition извори. Тука се и 15-пинскиот VGA приклучок и трите мини-приклучоци за аудио поврзување. Сериските и мрежните порти овозможуваат контролирање и следење, додека компатибилноста со PJLink е идеална за интегрирање на AV систем.
Едноставно одржување Одржувањето никогаш не било побрзо или полесно. Ламбата со висока ефикасност има работен век до 3000 часа (во тивок режим), а пристапот до неа е едноставен од задната страна на проекторот. Филтерот за воздух едноставно се извлекува од едната страна. Обезбеден е брз пристап и до важните оптички компоненти, така што нема потреба од сложено расклопување.
|