За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Персонални аналогни уреди за копирање > FC100

Canon FC100
Персонални аналогни уреди за копирање

FC100

FC100 е практичен апарат за копирање, лесен-за-користење како во канцеларијата, така и за лична употреба. Тој обезбедува копии со постојано висок квалитет, благодарение на касетата на Canon со уникатниот концепт се-во-едно.

Карактеристики

  • Касета се-во-едно; речиси никакво одржување
  • Рачен механизам за вовлекување хартија
  • Без време за загревање и автоматско исклучување
  • Копира на OHP, хартија во боја и на поштенски картички
  • Компактен, пренослив и лесен-за-користење



Продадени преку 10 милиони апарати за копирање
Благодарение на извонредниот квалитет на копирање и лесното користење - само приклучете ги и уживајте во копирање без напор - персоналните апарати за копирање на Canon се надалеку најпопуларниот избор. Сега, FC100 ви донесува ефикасно и пристапно копирање, било за службена или за лична употреба.

Практична касета се-во-едно

Можете да сметате на постојано чисти, јасни и остри копии. Уникатната касета на Canon се-во-едно ги вклучува суштинските елементи за копирање (тонер, барабан, единица за чистење), кои му овозможуваат на вашиот апарат за копирање речиси да не му треба одржување. Само заменете ги касетите – без никакви компликации – и вашиот апарат за копирање е речиси како нов.

Без време за загревање, автоматско исклучување

Нема време за загревање, така што нема чекање на копиите. Згора на тоа, кога не го користите апаратот за копирање, автоматското исклучување ја намалува потрошувачката на струја и со тоа ви заштедува пари.

Копира на OHP, хартија во боја и на поштенски картички

Можете да копирате на OHP филм, хартија во боја, на димензии на поштенски картички, и секако, на обична хартија. Со тоа ви дава вистинска разновидност на копирање, какви и да се вашите потреби.

Стилски, компактен дизајн

Овој апарат за копирање е стилски во секое опкружување и погоден дури и за најмалиот простор во вашата канцеларија или домот. Згора на тоа, практичната мала рачка овозможува лесна преносливост.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Драјвери
Сродни производи
Ласерски мултифункционални уреди
Дигитални персонални уреди за копирање
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба