Благодарение на извонредниот квалитет на копирање и сосема лесното користење - само приклучете ги и уживајте во копирање без напор - персоналните апарати за копирање на Canon се надалеку најпопуларниот избор. Сега, FC120 ви донесува ефикасно и пристапно копирање, било за службена или за лична употреба.
Практична касета се-во-едно
Можете да сметате на постојано чисти, јасни и остри копии. Уникатната касета на Canon се-во-едно ги вклучува суштинските елементи за копирање (тонер, барабан, единица за чистење), кои му овозможуваат на вашиот апарат за копирање речиси да не му треба одржување. Само заменете ги касетите – без никакви компликации – и вашиот апарат за копирање е речиси како нов.
Без време за загревање, автоматско исклучување
Нема време за загревање, така што нема чекање на копиите. Згора на тоа, кога не го користите апаратот за копирање, автоматското исклучување ја намалува потрошувачката на струја и со тоа ви заштедува пари.
FC120 штеди време
Со FC120, ќе ги искористите ги предностите на практичните опции, како бајпас за 50 листа, кој без беспрекорно се справува со сите ваши потреби за копирање - со 4 А4 копии во минута. А автоматската и рачната експозиција секогаш овозможуваат совршена завршна обработка, како за ситен текст така и за графика.
Копира на OHP, хартија во боја и на поштенски картички
Можете да копирате на OHP филм, хартија во боја, на димензии на поштенски картички, и секако, на обична хартија. Со тоа ви дава вистинска разновидност на копирање, какви и да се вашите потреби.
Стилски, компактен дизајн
Овој апарат за копирање е стилски во секое опкружување и погоден дури и за најмалата маса или најмалиот простор во вашиот дом или канцеларијата. Згора на тоа, практичната мала рачка овозможува лесна преносливост.
|