За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Персонални дигитални уреди за копирање > PC-D320

Canon PC-D320
Персонални дигитални уреди за копирање

Архива на производи

PC-D320

PC-D320 ги нуди сите придобивки од едноставното копирање со висок квалитет, дополнето со предностите на дигиталната ефикасност. За практично и јасно копирање.

Карактеристики

  • Лесен за користење, дигитален персонален апарат за копирање со висок квалитет
  • 14 копии/14 ласерски отпечатоци во минута
  • Време на излегување на првата копија - 11,2 сек., нема време на загревање
  • Касета се-во-едно, која лесно се менува
  • Копирање 2-на-1/електронско сортирање/скенирај еднаш печати повеќе
10 милиони причини да профитирате од персоналното копирање



10 милиони причини да профитирате од персоналното копирање
Преку 10 милиони луѓе ги избрале персоналните апарати за копирање на Canon заради лесно користење и резултати со висок квалитет - светски рекорд кој е далеку пред конкуренцијата.
Најновиот PC-D320 додава дигитална ефикасност за леснотија и за извонреден квалитет, обезбедувајќи едноставно разновидно персонално копирање со висок квалитет.

Полесно од кога и да е
Јасната и интуитивна контролна табла овозможува екстра лесно ракување. Касетата на Canon се-во-едно може едноставно да се замени за само неколку секунди - што значи нема валкање, само чисти раце. Капацитетот од 250-листа ги задоволува сите ваши потреби за копирање. Додека дизајнот со рамно лежиште го олеснува копирањето книги или списанија.

Супериорен квалитет на слика
Искористете ги предностите од одличен квалитет на сликата за сета ваша работа - било за ситен текст, детални дијаграми, па дури и фотографии. Репродукција со скала од 256 сиви тонови овозможува совршени полутонови, додека автоматската експозиција обезбедува секогаш да ги добиете најдобрите резултати. Покрај постојано високиот квалитет на копирање, тука е и економичниот режим на штедење тонер, кој ги крати трошоците.

Голема брзина од 14 cpm
Брзината е постојано 14 копии во минута. Речиси и да нема време на загревање, а и првата копија излегува брзо - за само 11,2 секунди. На овој начин многу побрзо ќе ја завршите сета ваша работа.

Совршено ласерско печатење
Претворете го вашиот апарат во продуктивен ласерски печатач со 14 страници во минута. Со резолуција на печатење од 1200 dpi (подобрена), можете да ги искористите предностите од печатење како со висок квалитет така и со голема брзина. Со што воедно ви се дава и супериорно печатење и копирање, се во еден економичен апарат.

Пространа дигитална ефикасност
Благодарение на флексибилните дигитални функции, лесно можете да ја зголемите ефикасноста. Применете ја практичната функција на копирање 2-на-1, за да копирате два оригинала на еден лист хартија, со што штедите и време и простор за сместување. Опцијата ‘скенирај еднаш печати повеќе’ печати повеќекратни копии од меморијата. А со електронското сортирање ќе заштедите време, бидејќи повеќекратни комплети се печатат подредено. Не е потребен механички уред за сортирање.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Драјвери
Сродни производи
Аналогни персонални уреди за копирање
Печатачи на фотографии „сè-во-едно“ PIXMA
Факс уреди со Bubble Jet
Ласерски факс уреди
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба