За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Персонални дигитални уреди за копирање > PC-D440

Canon PC-D440
Персонални дигитални уреди за копирање

PC-D440

Овој брз, компактен и разновиден дигитален копир за поставување на маса нуди голема предност која овозможува автоматско двострано печатење. Тој е идеален за малите динамични канцеларии бидејќи е едноставен за користење и енергетски е ефикасен.

Карактеристики

  • 22 коп/мин-стр/мин ласерско копирање и печатење
  • Автоматско двострано печатење
  • Време до излегување на првата копија - 9 секунди или помалку
  • Автоматски механизам за снабдување со документи, за 35 листови
  • Нема чекање со технологијата за брз почеток на печатењето
  • Енергетски ефикасен
  • "Сè-во-едно" картриџ без одржување
Брз и разновиден дигитален копир за поставување на маса



Практичност при копирање: компактно решение
Лесно справете се со вашето копирање, дури и во најтешките ситуации, со помош на овој компактен дигитален копир за поставување на маса. Робустен, сигурен и едноставен за ракување, тој обезбедува врвен ласерски квалитет со брзина од 22 копии во минута.

Продуктивно aвтоматско двострано печатење
Зголемете ја продуктивноста со помош на автоматското двострано печатење. Исто така, преку поекономичното користење хартија вие ќе ги намалите трошоците и ќе ги зачувате ресурсите. Автоматскиот двостран механизам за снабдување со документи со 35 листа го забрзува копирањето на документи со повеќе страни, што придонесува за зголемување на севкупната продуктивност.

Ќе ви заштеди време и енергија
Со PC-D440 вие нема залудно да чекате или да го трошите вашето време. Времето од 9 или помалку секунди до излегување на првата копија и технологиите за брз почеток на печатењето ги доставуваат вашите копии и печатен материјал во моментот кога ви се потребни. Економичен и исклучително енергетски ефикасен, копирот користи само 3 вати во режим на мирување. Уредот поседува Energy Star сертификат со една од најдобрите TEC (типична потрошувачка на струја) вредности* во својата класа - само 0,872 KWh/неделно.

Подобрена ефикасност на дигитално копирање
Заштедете хартија со функцијата за копирање "2-на-1" со која два оригинали се копираат на една страница. Со соодносот на зумирање 50%-200% вие ќе можете да ги зголемувате или намалувате сликите по потреба. Заштедете време со електронското подредување, при што повеќекратните копии се впаруваат автоматски - не е потребно рачно сортирање. Заштедете време и хартија со функцијата на Canon за копирање документи за идентификација. Оваа функција ќе ви овозможи брзо и лесно копирање на двете страни на документите за идентификација, на една страна од лист - без потреба од повторно вметнување на листот.

Разновидно печатење и скенирање
Искористете ги предностите на професионалното ласерско печатење со брзина од 22 страници во минута. Подобрената резолуција на печатење до 1200 x 600 dpi овозможува добивање на остар текст и фина графика. Едноставно скенирајте документи и фотографии во боја со резолуција до 9600 x 9600 dpi, и зачувајте ги во широк избор на формати на фајлови – вклучувајќи и PDF.

"Сè-во-едно" картриџ без одржување
"Сè-во-едно" картриџот обезбедува висококвалитетно континуирано печатење. Едноставно заменете го компактниот картриџ - кој содржи тонер, барабан и единица за чистење - со автентичен ласерски картриџ од Canon и вашиот копир повторно ќе биде како нов.

* TEC ја означува типичната потрошувачка на електрична енергија на уредот во период од 1 недела. Методологијата за тестирање е дефинирана од страна на Energy Star. http://www.eu-energystar.org

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Драјвери
Сродни производи
Аналогни персонални уреди за копирање
Печатачи на фотографии „сè-во-едно“ PIXMA
Факс уреди со Bubble Jet
Ласерски факс уреди
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба