За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Персонални дигитални уреди за копирање > PC-D450

Canon PC-D450
Персонални дигитални уреди за копирање

PC-D450

Овој компактен, брз, црно-бел дигитален копир за поставување на маса нуди двострано копирање, печатење и скенирање, овозможувајќи зголемување на продуктивноста во помалите динамични канцеларии. Тој е едноставен за користење и енергетски ефикасен.

Карактеристики

  • 22 коп/мин-стр/мин ласерско копирање и печатење
  • Автоматско двострано копирање, печатење и скенирање
  • Време до излегување на првата копија - 9 секунди или помалку
  • Автоматски двостран механизам за снабдување со документи, за 50 листови
  • Нулто време на загревање благодарение на технологијата за фиксирање по потреба
  • Енергетски ефикасен
Разноврсен и извонредно продуктивен дигитален копир за поставување на маса



Брзо професионално копирање со компактен уред
Совршен за малите динамични канцеларии, овој компактен персонален дигитален копир брзо и ефикасно ќе ги задоволи сите ваши потреби за копирање. Едноставен за ракување и сигурен, тој ќе ви овозможи врвен ласерски квалитет со брзина од 22 копии во минута.

Продуктивно автоматско двострано копирање, печатење и скенирање
Зголемете ја продуктивноста со помош на автоматското двострано копирање, печатење и скенирање. Исто така, преку поекономичното користење хартија вие ќе ги намалите трошоците и ќе ги зачувате ресурсите. Автоматскиот двостран механизам за снабдување со документи, за 50 листови, ќе ви овозможи брзо и едноставно автоматско двострано копирање и скенирање на вашите документи со повеќе страни, со брзина до 22 стр/мин.

Ќе ви заштеди време и енергија
Со PC-D450 вие нема залудно да го трошите вашето време. Времето до излегување на првата копија изнесува 9 секунди или помалку, со нулто време на загревање благодарение на технологијата за фиксирање по потреба, така што вашите копии или отпечатени документи ќе ги добиете веднаш. Економичен и исклучително енергетски ефикасен, копирот користи само 3 вати во режим на мирување. Уредот поседува Energy Star сертификат со една од најдобрите TEC (типична потрошувачка на струја) вредности* во својата класа - само 0,918 KWh/неделно.

Подобрена ефикасност на дигитално копирање
Заштедете хартија со функцијата за копирање "2-на-1" со која два оригинали се копираат на една страница. Со соодносот на зумирање 50%-200% вие ќе можете да ги зголемувате или намалувате сликите по потреба. Заштедете време со електронското сортирање, при што повеќекратните копии се впаруваат автоматски - не е потребно рачно сортирање. Заштедете време и хартија со функцијата на Canon за копирање документи за идентификација. Оваа функција ќе ви овозможи брзо и лесно копирање на двете страни на документите за идентификација, на една страна од лист - без потреба од повторно вметнување на листот.

Разноврсно печатење и скенирање
Искористете ги предностите на професионалното ласерско печатење со брзина од 22 страници во минута. Подобрената резолуција на печатење до 1200 x 600 dpi овозможува добивање на остар текст и фина графика. Едноставно скенирајте документи и фотографии во боја со резолуција до 9600 x 9600 dpi, и зачувајте ги во широк избор на формати на фајлови – вклучувајќи и PDF.

"Сè-во-едно" патрон без одржување
"Сè-во-едно" патронот обезбедува висококвалитетно континуирано печатење. Едноставно заменете го компактниот патрон - кој содржи тонер, барабан и единица за чистење - со автентичен ласерски патрон од Canon и вашиот копир повторно ќе биде како нов.

* TEC ја означува типичната потрошувачка на струја на уредот во период од 1 недела. Методологијата за тестирање е дефинирана од страна на Energy Star. http://www.eu-energystar.org

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Драјвери
Сродни производи
Аналогни персонални уреди за копирање
Печатачи на фотографии „сè-во-едно“ PIXMA
Факс уреди со Bubble Jet
Ласерски факс уреди
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба