Стилски, извонредно компактен фото печатач Дизајниран за модерен начин на живеење, SELPHY CP800 не само што содржи одлични функции, туку и изгледа прекрасно со изборот од две бои и може да го сместите каде било во домот.
6,2 cm (2,5”) LCD екран со закосување За подобро прегледување и ракување, тука е екранот со закосување преку кој се управува SELPHY CP800. Со поддршка за 8 јазици, сликите лесно може да се прегледуваат и печатат со едноставно притиснување на копче.
Отпечатени материјали за помалку од 1 минута SELPHY CP800 се одликува со технологија за сублимација на бои која дава врвна длабочина и градација на боите, обезбедувајќи отпечатени материјали со фото-лабораториски квалитет без мака и чекање. На пример, едно печатење со големина на поштенска картичка може да се направи за приближно 47 секунди.
Широк опсег на големини за печатење SELPHY CP800 може да печати материјали со големини на поштенска картичка (148 x 100mm), L (119 x 89mm), и кредитна картичка (86 x 54mm) за неверојатно брзо време.
Автоматска корекција на слика Со технологијата за откривање на лице, автоматската корекција на црвени очи, i-Contrast и намалувањето на шумот, SELPHY CP800 може да го подобри квалитетот на испечатениот материјал без разлика која марка на фото апарат бил користен за снимање на сликата. Тој автоматски ја контролира осветленоста на сликата што резултира со најдобри можни резултати при печатењето.
Печатење од мемориска картичка, фото апарат и USB уред Едноставно печатење преку директно поврзување на фото апаратот со печатачот или со вметнување на мемориска картичка во еден од 3-те отвори за картички. SELPHY CP800 поддржува и печатење од USB уреди со флеш меморија, овозможувајќи му на корисникот уште поголема флексибилност.
Траење на отпечатените материјали од 100 години Може да создавате долготрајни испечатени материјали благодарение на специјалниот заштитен слој кој се нанесува на горната страна на секој испечатен материјал за заштита од прскање, истурање течности и избледување, а доколку се чуваат во албум може да траат до 100 години.
Печатење на фотографии за документи и со измешан распоред Со зголемениот избор на достапни опции, корисниците може да печатат фотографии за документи во повеќе големини на еден лист хартија. Печатењето со измешан распоред го подредува изборот на слики на платното за добивање на интересен и креативен распоред.
Изборна батерија Овозможувајќи ви да го понесете SELPHY CP800 со вас, внатре или надвор, изборната NB-CP2L батерија овозможува печатење на повеќе од 36 материјали со големина на поштенска картичка со едно полнење.
Софтвер со гласовен водич Креативниот софтвер со лесно разбирливиот гласовен водич ви овозможува да додавате рамки и декорации на вашите испечатени материјали. * Погледнете ги спецификациите за повеќе детали.
|