Исклучителен пренослив квалитет Ултра-преносливиот PIXMA iP100 ја користи технологијата на Canon, на FINE глава за печатење, за неверојатно квалитетно печатење фотографии и документи, каде и да сте. Микро-дизните, кои исфрлаат малечки капки мастило од 1pl, овозможуваат висока резолуција од 9600 x 2400dpi, произведувајќи отпечатоци со квалитет, водечки во класата.
Сопствена технологија на мастило Подобрениот систем на 5 мастила го максимизира квалитетот, како на фотографиите, така и на документите. Фото-црното мастило обезбедува богат контраст на бојата и длабоки црни тонови во фотографиите, додека посебното пигментно црно мастило се користи за да се произведе свеж, остар текст, за документи од деловна класа.
Големи брзини на печатење PIXMA iP100 печати отпечатоци од 10 x 15cm, без рамка и со квалитет на фотолабораторија, за само 50 секунди. Документите може да се печатат со брзини до 20 стр/мин во црно-бело и 14 стр/мин во боја.
Убави, долговечни отпечатоци Системот на Canon ChromaLife100 испорачува убави, трајни фотографии, со зголемена издржливост до 100 години*. Со користење патронот FINE, Canon мастила и оригинални Canon фотохартии, системот обезбедува долговечни убави фотографии.
Слобода на печатење PIXMA iP100 нуди IrDA IR поврзување како стандард и изборен адаптер за Bluetooth®, за практично печатење, без кабел. Способноста за безжично печатење од компатибилни телефони со камера, компјутери и PDA-уреди, придонесува кон разновидната можност за ракување со печатачот.
Изборен прибор Со изборниот прибор, кој вклучува батерија и додаток (LK-62), адаптер за Bluetooth (BU-30) и изборен полнач за во автомобил (PU-200U), PIXMA iP100 можете да го трансформирате во идеален печатач за-по-пат. Со само 2,0kg, печатачот е ултра-лесен и исклучиво компактен - идеален за оние прилики, кога ви треба да печатите по пат.
* За оптимални услови за чување погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|