За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Инкџет печатачи > PIXMA iP100 with battery

Canon PIXMA iP100 with battery
Инкџет печатачи

PIXMA iP100

Со својата батерија на полнење и со подобреното поврзување, PIXMA iP100 го испорачува крајното во преносливото печатење фотографии и документи. Добијте брзи документи и отпечатоци со квалитет на фотолабораторија, каде и да сте.

Карактеристики

  • Пренослив печатач за документи и фотографии
  • Главата за печатење FINE 9600 x 2400 dpi
  • Систем со 5 мастила
  • Отпечатоци од фотографии за 50 сек
  • ChromaLife100
  • Печатење документи во црно-бело со 20ppm, во боја со 14ppm
  • Печатење преку IrDA IR и изборно преку Bluetooth
  • Се испорачува со батерија за полнење
Прецизно печатење фотографии и документи, каде и да сте.



Исклучителен пренослив квалитет
Ултра-преносливиот PIXMA iP100, со батерија, ја користи технологијата на Canon, на FINE глава за печатење, за неверојатно квалитетно печатење фотографии и документи, каде и да сте. Микро-дизните, кои исфрлаат малечки капки мастило од 1pl, овозможуваат висока резолуција од 9600 x 2400dpi, произведувајќи отпечатоци со квалитет, водечки во класата.

Сопствена технологија на мастило
Системот со 5 мастила произведува отпечатоци од фотографии и документи со висок квалитет. Фото-црното мастило обезбедува богат контраст на бојата и длабоки црни тонови во фотографиите, додека посебното пигментно црно мастило се користи за да се произведе свеж, остар текст, за документи од деловна класа.

Големи брзини на печатење
PIXMA iP100 со батерија печати отпечатоци од 10 x 15cm, без рамка и со квалитет на фотолабораторија, за само 50 секунди. Документите може да се печатат со брзини од 20 стр/мин во црно-бело и 14 стр/мин во боја.

Убави, долговечни отпечатоци
Системот на Canon ChromaLife100 испорачува убави, трајни фотографии, со зголемена издржливост до 100 години*. Со користење патронот FINE, Canon мастила и оригинални Canon фотохартии, системот обезбедува долговечни убави фотографии.

Слобода на печатење
PIXMA iP100 со батерија нуди IrDA IR поврзување како стандард и изборен адаптер за Bluetooth® (BU-30), за практично печатење, без кабел. Способноста за безжично печатење од компатибилни телефони со камера, компјутери и PDA-уреди, придонесува кон разновидната можност за ракување со печатачот.

Батерија на полнење, за напојување што трае
Со батеријата на полнење (LK-62), на Canon, вклучена како стандард, PIXMA iP100 може да се користи каде и да ви требаат брзи отпечатоци со висок квалитет. Со својата компактна големина и малата тежина од 2,0 kg, овој ултра-компактен PIXMA е идеален за печатење по пат - а ако се користи со изборниот полнач за во автомобил (PU-200U), добивате потполна флексибилност.

* За оптимални услови за чување погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100

 Испечати ја оваа страница 

Мастила, хартии и додатоци
Мастила и хартија на Канон
Количина на отпечатени страници
Мрежни уреди
Поддршка
Техничка поддршка
Преземање брошури
Преземање драјвер
ISO Print & Copy Speeds
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба