Canon PIXMA iP2600 Инкџет печатачи
Архива на производи
|
|
|
|
Стилскиот печатач за фотографии и документи, вредност-за-парите, испорачува величествени отпечатоци од фотографиите на вашето семејство и пријателите, со квалитет на фотолабораторија - како и одлично печатење на веб-страни и документи - по пристапна цена.
|
|
Карактеристики |
- Печатете фотографии до 4800x1200dpi*
- 10x15cm фотографии без рамка за 55 sec.*
- Печатете документи, во црно-бело/боја, со до 22/17 стр/мин
- Касети FINE за живописни бои, остар црн текст
- Магацин за излез на хартија со сензор
- Подобрете ги фотографиите: автоматско поправање слики
|
|
| Величествен стил, квалитет и вредност |
|
Печатење фотографии Уживајте во фотографии со величествен квалитет на фотолабораторија, со фини детали и мека градација на бојата, благодарение на капките мастило од 2pl и голема резолуција на печатење од 4800x1200dpi*.
Печатете фотографии 10x15cm без рамка, за приближно 55 секунди во стандарден режим*.
Автоматското поправање на слика ги подобрува вашите фотографии. Користете го и Easy-PhotoPrint EX за печатење фотографии, календари и албуми.
ChromaLife100** испорачува убави, трајни отпечатоци, со век до 100 години.
Печатење документи Печатете документи со до 22 стр/мин во црно-бело или 17 стр/мин во боја. Без оглед дали е домашна задача, документација, работа преку викенд или веб-локации, овој печатач го обработува сето тоа.
Касети FINE Напредните касети FINE обезбедуваат прецизно печатење и лесно се заменуваат со инсталација со само едно кликање.т Црната касета обезбедува остар, свеж текст за печатење документи, додека касетата во боја ја прави графиката истакната и јасна.
Ефикасност Магацинот за излез на хартијата е опремен со сензор за спречување заглавување, така што, штом започне печатењето, ако магацинот се затвори се прикажува порака за известување. Софтверот MyPrinter го прави вашиот печатач лесен за користење, и тоа од самиот почеток.
Оперативни системи Компатибилен со Windows и Mac OS X.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|
|
 |
|