Печатење со фото-лабораториски квалитет и извонредно печатење на документи Направете печатени документи со извонреден квалитет и слики со импресивно ниво на детали, благодарение на FINE технологијата на Canon со капки мастило од 2pl и резолуција на печатење до 4800x1200dpi. FINE картриџите кои користат мастила базирани на боја се идеални за печатење на фотографии, додека дополнителното мастило со црн пигмент обезбедува јасен и остар текст. Комбинирајќи квалитет и брзина, PIXMA iP2700 печати 10x15cm фотографии без рабови за приближно 55 секунди со користење на зададените подесувања.*
Реални брзини за печатење документи Canon го поддржува индустриски прифатениот ISO стандард за мерење на брзината на печатење. Ова ви го олеснува одбирањето на вистинскиот PIXMA печатач врз основа на реалните перформанси на печатење. PIXMA iP2700 нуди ISO ESAT брзини од 7,0слики/мин за еднобојни документи и 4,8слики/мин за документи во боја.
Интелигентни функции и софтвер Easy-WebPrint EX е интуитивен софтвер кој го олеснува сечењето, уредувањето и печатењето информации од мрежа: организирајте повеќе исечени делови на една страница и заштедете хартија. Auto Photo Fix II е напреден софтвер кој врши исправање на широк опсег чести грешки во сликите, вклучувајќи и недоволна експозиција. Користејќи ги софистицираните технологии за анализа на сцената и откривање на лице, проблемите како ефектот на црвени очи брзо се елиминираат. Нивоата на експозиција на различни делови од сликата се оптимизираат за добивање на најдобри резултати.
Долготрајни, прекрасни фотографии ChromaLife100+ системот** овозможува долготрајни, прекрасни фотографии. Комбинацијата на PIXMA iP2700 печатач, оригинални Canon мастила и избрани оригинални видови Canon хартии за фотографии ги зачувува спомените за цел живот.
Стилски дизајн кој ќе ви заштеди простор Ова печатење кое изгледа одлично завзема минимален простор на бирото, а елегантното и ниско-профилно куќиште уредно се сместува на секоја полица. Привлечен и со прифатлива цена, тој е идеално решение за семејства, студенти и сите останати кои бараат ефикасен домашен печатач кој е едноставен за користење.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|