Печатење фотографии Искусете печатење на материјал со исклучетелен квалитет, со фини детаљи, благодарение на засебното основно боење во црна мастило за фотографии, 1pl капки на мастило и резолуција од 9600x2400dpi*. Врвната машина за печатење го прави возможно креирањето на печатен материјал со квалитет како од фотолабораторија за приближно 20 секунди. *. Квалитетот и ефикасноста се одржуваат преку користењето на 5 индивидуални мастила - едноставно заменете ги индивидуалните резервоари на мастило кога ќе се истрошат.
ChromaLife100+ систем** претставува кобинација на PIXMA iP4600, оригинални мастила и избрани оригинални видови на Canon фотохартии. Работејќи заедно, овие три уникатни компоненти обезбедуваат убави, долготрајни фотографии.
Лесен за користење Низа практични функции го прават креирањето на фотографии и документи уште поинтересно и попродуктивно. Со Easy-PhotoPrint EX на Canon е олеснето печатењето на календари, албуми и фотографии. Auto Photo Fix автоматски ги коригира фотографиите, вклучително и корекција на црвени очи; автоматскиот дуплекс (auto duplex) овозможува директно двострано печатење - заштеда на хартија и подготвување на документи со професионален изглед. Двата магацина за хартија им овозможува на корисниците истовремено да имаат ставено обична и фотохартија.
Печатење документи Печати документи со текстови во црно-бело или во боја; пигментот на црното мастило обезбедува чист и јасен текст. Едностраното или двостраното печатење е можно со карактеристиката авто дуплекс (auto duplex) – практична и ефикасна функција.
Печати на DVD/CD Управувањето со вашите сочувани податоци е лесно затоа што можете да ги персонализирате вашите DVD и CD за работа, пријатели и семејство. Едноставно печатете директно на површината на DVD или CD на кои може да се печати. Софтверот CD-LabelPrint ви овозможува да креирате свои нацрти со додавање на ваш сопствен текст и слики.
Директно печатење. Нема потреба од компјутер кој би го вклучиле во вашиот процес на печатење. Со технологијата PictBridge вие имате брз и практичен начин на печатење слики од компатибилни дигитални фотоапарати, камкордери или мобилни телефони.
Оперативен систем Компатибилен со Windows и Mac OS X*.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|