Врвен квалитет на печатење PIXMA iP4850 е првокласен А4 печатач кој нуди комбинација на брзина со извонреден фото-лабораториски квалитет. Создавајте неверојатно детални фотографии во боја, како и деловни документи со професионален изглед. ISO ESAT брзините за печатење на документи изнесуваат импресивни 11,0 слики/мин. за еднобојни или 9,3 слики/мин. за документи во боја. Фотографиите од 10x15cm без рабови може да се испечатат со исклучителен фото-лабораториски квалитет за само 20 секунди*.
Печатење од Full HD видео записи Доловете ги спомените со претворање на специјалните моменти од видео записите направени со вашиот дигитален фото апарат од Canon во прекрасни фотографии со печатењето од Full HD видео записи на Canon. Едноставно репродуцирајте го вашиот видео запис преку софтверот за печатење од Full HD видео записи и паузирајте за да доловите една или повеќе снимки за печатење. Напредните технологии од Canon го подобруваат фото квалитетот при создавање слики за кој никогаш не сте верувале дека може да го добиете од видео запис.
Напредно управување со медиуми PIXMA iP4850 нуди неверојатна разновидност со полнењето на хартија од 2 страни, овозможувајќи снабдување со различни типови на хартија истовремено, а можете и директно да печатите на компатибилни DVD, Blu-ray® и CD-ROM дискови. Функцијата за автоматско двострано печатење го олеснува печатењето на документи на двете страни од хартијата.
Интелигентен софтвер Easy-WebPrint EX ви овозможува лесно сечење и комбинирање на информациите од повеќе веб-страници. Auto Photo Fix II овозможува зголемување на фотографиите со помош на корекции како што е отстранувањето на црвени очи. Easy-PhotoPrint EX нуди едноставни распореди за печатење фотографии, календари и се одликува со Flickr® функција за пребарување на соодветни слики кои се достапни за јавноста.
CREATIVE PARK PREMIUM е интернет услуга која овозможува преземање на фотографии и илустрации од меѓународно признаени фотографи и уметници, за создавање испечатен материјал со професионален изглед, честитки и многу повеќе. Пристапот е дозволен само ако се инсталирани оригинални мастила од Canon**.
Максимизирајте ја ефикасноста на мастилото Со употребата на 5 одделни резервоари за мастило се заменува само мастилото кое се потрошило - така се намалува отпадот и се оптимизира употребата на мастило.
Подолготрајни, прекрасни фотографии Системот ChromaLife100+ овозможува подолготрајни, прекрасни фотографии. Комбинирајте го PIXMA iP4850 со оригинални мастила од Canon и оригинална фото хартија од Canon за спомените да траат цел живот***.
* Погледнете ги спецификациите ** Потребна е интернет врска *** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100 за повеќе детали
|