Печатење на фотографии со извонреден квалитет и голема брзина Идеален за ентузијасти кои бараат високи перформанси, овој фото печатач ја применува водечката технологија на глава за печатење FINE од Canon. Обезбедува минимални капки мастило од 1pl и резолуција на печатење до 9600dpi за неверојатно детални фотографии во боја со рамномерни градации и слики без зрнеста текстура. Печатењето без рабови со неверојатен фото-лабораториски квалитет и димензии од 10x15cm се врши за приближно 20 секунди и импресивни ISO ESAT брзини од 12,5 слики/мин. за еднобојни документи и 9,3 слики/мин. за документи во боја.
Максимизирајте ја ефикасноста на мастилото Со употребата на 5 одделни резервоари за мастило се врши замена само на мастилото кое се потрошило - така се намалува отпадот и се оптимизира употребата на мастило.
Стилски дизајн Благодарение на елегантната завршница во црна боја и малата емисија на јаглерод, овој компактен печатач зафаќа минимален простор и изгледа прекрасно во секој дом или канцеларија.
Напредно управување со медиуми Уживајте во разновидноста со автоматското двострано печатење со кое може да ги користите двете страни од хартијата, а полнењето на хартија од 2 страни ви овозможува истовремено снабдување со фото и обична хартија. Печатете директно на компатибилни CD, DVD и Blu-ray® дискови со функцијата за директно печатење на диск.
Еко функции Дознајте информации за намалувањето на CO2 и заштеда на хартија кои ги правите со двостраното печатење преку функцијата ЕКО информации и погледнете како ѝ помагате на животната средина. Заштедете енергија со помош на автоматското исклучување - подесете го печатачот да се исклучи кога не се користи одреден временски период
Напреден софтвер Претворете ги моментите од видео записите во прекрасни фотографии со уникатната функција за печатење од Full HD видео записи на Canon. Во новите функции спаѓаат функциите за спојување на кадри и печатење на распоред со кои ќе направите повпечатливи слики. Направете ги вашите слики повозбудливи со применување на филтери со забавни ефекти со Easy-PhotoPrint EX. Користете го софтверот Easy-WebPrint EX за комбинирање на видео записи од повеќе веб-страници, за да го испечатите само тоа што ви е потребно од интернет. Станете креативни со CREATIVE PARK PREMIUM, интернет услуга која овозможува преземање на фотографии, илустрации, занаети со хартија и многу повеќе, од меѓународно признаени фотографи и уметници.
Зачувајте ги спомените Системот ChromaLife100+ овозможува долготрајни, прекрасни фотографии. Комбинацијата од iP4950, оригинални мастила од Canon и оригинални видови на хартија за фотографии од Canon ги зачувува спомените за цел живот.
|