Искористете ги придобивките од квалитетот и брзината на печатачот, со компактниот, пренослив PIXMA iP90. IrDA и изборниот Bluetooth адаптер овозможуваат безжично печатење од телефони со камера, компјутери и PDA-уреди
|
Квалитет на фотолабораторија во движење Преносливиот PIXMA iP90 ја користи технологијата на Canon FINE* глава за печатење, за да испорача квалитет на фотографија и брзина на печатење на еден професионален печатач Микро-дизните, кои исфрлуваат ситни капки мастило од 2pl, овозможуваат резолуција од 4800 x 1200dpi** - за извонредна точност и одлична вистинска боја.
Продуктивни брзини на печатење PIXMA iP90 печати со брзина до 16 ppm во црно-бело и 12 ppm во боја. Тој може и да печати фотографија без рамка 10 х 15cm за само 51 секунда, а воедно е единствениот пренослив печатач, способен за производство на отпечатоци без рамка до големина А4 - што го прави идеален за зголемување фотографии.
Слобода на безжично печатење PIXMA iP90 нуди IrDA како стандард и изборен адаптер за Bluetooth, за практично печатење, без кабел. Способноста за безжично печатење од компатибилни телефони со камера, компјутери и PDA-уреди, овозможува комплетна слобода на печатење. Со тежина од само 1,8 kg, овој ултра-компактен, пренослив печатач ќе ги задоволи потребите на повеќето корисници со големи барања.
Директно печатење од фотоапарат iP90 директно печати фотографии од секој дигитален фотоапарат или камера, компатибилни со PictBridge - без потреба од компјутер - давајќи ви убави отпечатоци без рамка, секогаш и секаде.
100 години век на отпечатоците До 100 години век на отпечатоците, кога се чуваат во фотоалбум. Во фотографиите можете да уживате и да ги споделувате за целиот живот (за детали погледнете „Прикажување и чување фотографии“).
Преносливост и трајна моќ Кога нема струја, изборната литиум-јонска батерија на Canon овозможува вашиот iP90 да продолжи да печати. Комплетот со држач, кој зафаќа малку простор, го поддржува печатачот кога не е во употреба, правејќи го полнењето уште полесно. Достапен е и изборен адаптер за автомобил, овозможувајќи печатачот да се напојува од приклучницата на запалката за цигари. Со тоа, секој може да печати секаде.
Компатибилен со Windows и Mac За полна флексибилност, PIXMA iP90 работи со популарните оперативни системи Windows и Mac.
* Инженеринг на Inkjet дизни за полна фотолитографија ** Погледнете ги спецификациите
|