Овој напреден печатач за А3+ формат овозможува брзи, квалитетни отпечатоци на вашите документи и графики. Дури можете да печатите и фотографии без рамка во А3+, директно од дигиталните фотоапарати, и тоа со трајни убави отпечатоци.
|
Професионална продуктивност Впечатливата брзина на печатење на А4, до 25ppm во црно-бело или 17ppm во боја, испорачува професионална продуктивност. Печатете во голем опсег на големини се до А3+ и профитирајте од брзите резултати кај сета ваша работа.
A3+ со квалитет на фотолабораторија Добијте отпечаток во А3, со квалитет на фотолабораторија, за приближно 166 секунди во стандарден режим*. Видете ги своите омилени фотографии во голем, убав формат. Или уживајте во брзо печатење фотографии без рамка, на избор од различни големини.
Одличен квалитет на печатење Технологијата на Canon FINE, со капки мастило од 2pl испорачува резолуција на печатење од 4800* x 1200. Крајниот резултат е детален отпечаток на фотографии и се останато, што печатите.
Остар текст, живописни графики во боја За сите на кои им требаат професионални отпечатоци со висок квалитет, овој печатач испорачува остар и свеж текст и живописни графики во боја. Идеално како за документи, работни табели, извештаи, веб-локации, така и за фотографии!
Долговечни отпечатоци Системот на глави за печатење Canon ChromaLife100, мастилата и оригиналните фотохартии на Canon обезбедуваат долговечни убави фотографии**.
Со подготовка за PictBridge, за директно печатење фотографии. Печатете фотографии директно од сите дигитални фотоапарати или камери, компатибилни со PictBridge. Не е потребен компјутер. Уживајте во одличните резултати само миг по сликањето.
Економичен систем на посебни мастила Транспарентниот систем на посебни мастила обезбедува економично работење и го сведува расфрлањето мастило на минимум.
Сигурен и лесен-за-користење Со својот робустен дизајн и големите копчиња за ракување, PIXMA iX5000 овозможува сигурност и лесно користење. Автоматскиот механизам за вовлекување собира до 150 листа, што допринесува кон сеопштата леснотија. Печатачот е опремен со интерфејс за USB2.0 Hi-Speed, за брз пренос на податоци, а компатибилен е и со Windows и со Mac OS X.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете ChromaLife100
|