Компактен и стилски Овој A3+ инкџет печатач нуди печатење на фотографии и документи со исклучителен квалитет. Неговиот извонредно компактен и стилски дизајн го прави совршено решение за во домот и во малата канцеларија – особено онаму каде што просторот е ограничен.
Висококвалитетно печатење Печатете деловни документи, постери, табели, архитектонски планови или рекламни материјали со професионален изглед, живописни бои и исклучителни детали на обична хартија со големина до A3. Внесете реалистичност во вашите слики со печатењето на фотографии со фото-лабораториски квалитет со големина до A3+, благодарение на инк-џет технологијата FINE од Canon која користи капки од мастило со големина од 1pl и резолуција од 9600 dpi.
Одделни резервоари за мастило PIXMA iX6550 се одликува со 5 одделни резервоари за мастило. Во случај да снема една боја, само еден одделен резервоар треба да се замени, а тоа го минимизира трошењето и помага во одржувањето на мали трошоци за печатење.
Продуктивни брзини Уживајте во ефикасни брзини за печатење на документи од 11,3 слики/мин. за еднобојни и 8,8 слики/мин. за документи во боја. Можете да печатите висококвалитетни фотографии од 10x15 cm без рабови за приближно 36 секунди*.
Печатете директно од филмовите Претворете ги специјалните моменти од видео записите направени со вашиот дигитален фото апарат од Canon во прекрасни фотографии со функцијата за печатење од Full HD видео записи на Canon. Едноставно репродуцирајте го вашиот видео запис на компјутер и снимете една или повеќе слики за печатење.
Интелигентен софтвер Печатењето фотографии никогаш не било полесно, благодарение на софтверот Easy-PhotoPrint EX, кој нуди функции како корекција на црвени очи и измазнување на лице, која го намалува појавувањето на набори. Со Easy-WebPrint EX можете да комбинирате и печатите содржини од повеќе веб-страници без напор.
Додадена креативност CREATIVE PARK PREMIUM е интернет услуга која овозможува преземање на фотографии и илустрации од меѓународно признаени фотографи и уметници**. Тие може да се употребат за создавање честитки и календари со професионален изглед и многу повеќе.
Едноставно создавање на деловни документи со импресивен изглед – како летоци и промотивен материјал – благодарение на пакетот “урнеци за решенија” кој може да се преземе и кој е компатибилен со Microsoft Word.
Долготрајни фотографии Системот ChromaLife100+ обезбедува прекрасни фотографии кои ќе траат доживотно***. Главата за печатење FINE, оригиналните мастила и избраната хартија за фотографии од Canon нудат комбинација која ќе ги зачува вашите скапоцени спомени за идните генерации.
* Погледнете ги спецификациите ** Потребна е интернет врска. Пристапот е дозволен само ако се инсталирани оригинални мастила од Canon *** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100 за повеќе детали
|