|
70 години иновации
Со веќе 70 години најактуелни иновации во оптиката и фотографијата, Канон е синоним за одлична графика. Понудата PIXMA ги користи придобивките од единственото тројно наследство од огромното искуство на Канон во областа на фотографијата, главите за инкџет печатење и технологиите за копирање. Комбинацијата – PIXMA DNA – ги сместува производите PIXMA во сопствената класа.
Фотографска технологија
Печатачите на фотографии PIXMA и печатачите „сè-во-едно“ наследија повеќе од 70 годишно искуство во фотографската иновација што започна со првиот фото-апарат на Канон во 1934 година. Денес, PIXMA го користи знаењето за графичка обработка од познатата понуда EOS за D-SLRи на Канон: најнапреден систем за фото-апарати во светот. Технологија на глава на печатачи
Првиот печатач Bubble Jet на Канон беше произведен во 1985 година и зад секој PIXMA, лежат успешни генерации на оригинални технологии за глави на печатачи. Најновиот PIXMA ја користи единствената FINE (техника на инкџет прскалка со целосна фотолитографија) технологија на Канон за глава на печатач, со цел да се постават нови стандарди за инкџет печатачи: комбинација од ултра високи брзини на печатење, капки со минијатурна големина и резолуција до 9600dpi. Технологијана копирање
PIXMA ги користи придобивките на компанијата Канон и нејзиното водство на пазарите за дигитални бои и персонални уреди за копирање. Искуството стекнато во текот на развојот на канцелариските производи претставува основа за технологиите за снимање слики, обработка и напредно ракување со хартија во PIXMA производите, со што се обезбедува сигурност, брзина и перформанси во целокупниот асортиман.
|