Одете на почетната страница на Канон
Прелистајте ги вашите омилени производи на Канон и дознајте повеќе за нашите канцелариски решенија
Погледнете го нашиот возбудлив спектар на производи за корисници на професионални и домашни производи
Дознајте како Канон може да ви помогне да пронајдете совршено решение за вашата деловна активност
За сите информации за организацијата Канон
Детали за контакти во врска со глобалните активности на Канон
Целата техничка и друга помош која ви е потребна за да го добиете најдоброто од производите на Канон
Пронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон

Пронаоѓач на производ

Спореди производи

You Connect

Креативен парк

Услужете се сами

Нови производи

Производи и решенија

за дома

За на работа

За нас

Поддршка

Каде да
се купи

Контакт

Пребарај

Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Ласерски печатачи > i-SENSYS LBP3000

Canon i-SENSYS LBP3000
Ласерски печатачи

Архива на производи

LBP3000

Добијте ја брзината што ја барате и ласерскиот квалитет што го очекувате, со
i-SENSYS LBP3000. Напредните технологии на Canon овозможуваат брзи резултати, подобрен квалитет на печатење и извонредно лесно користење.

Карактеристики

  • Голема брзина на печатење: 14 страници во минута
  • Нема време на загревање или чекање - брзо излегување на првиот отпечаток
  • Касета Се-во-Едно: лесна замена, постојани резултати со висок квалитет
  • Висок квалитет на ласерско печатење: 2400 x 600 dpi еквивалент со Автоматско подобрување на слика

Брз и сигурен професионален ласерски печатач



БРЗИНАТА ШТО ВИ ТРЕБА
Со големата брзина на печатење од 14 страници во минута, i-SENSYS LBP3000 испорачува документи во моментот кога ви требаат. Со технологијата Фиксирање по потреба, нема време на загревање и време на чекање. Згора на тоа, првиот отпечаток излегува брзо, за помалку од 9,3 секунди, благодарение на напредните технологии на Canon CAPT и SCoA.

ПРАКТИЧНА КАСЕТА СЕ-ВО-ЕДНО
Едноставно заменете ја уникатната касета Се-во-Едно, од Canon, која го содржи тонерот и сите суштински делови, и вашиот печатач е повторно како нов. Нема компликации, нема грижи за одржување, а добивате резултати со постојан висок квалитет за целиот работен век на апаратот. Една касета може да печати до 2.000 страници А4 (во согласност со ISO/IEC 19752)згора на тоа, специјалниот режим на штедење тонер значително го зголемува бројот на отпечатоци, со што штедите уште повеќе пари.

ВПЕЧАТЛИВ КВАЛИТЕТ НА ПЕЧАТЕЊЕ
Уживајте во извонредниот квалитет на ласерско печатење за сета ваша работа. Овој печатач i-SENSYS испорачува висока резолуција од 600 x 600 dpi, која со помош на Автоматското подобрување на слика се зголемува дури до 2400 x 600 dpi еквивалент. Резултатот ги надминува очекувањата, со остар текст и свежи, јасни графики.

МАЛ, ТИВОК И СТИЛСКИ
Вашиот компактен печатач е лесен за сместување, брз за користење и изгледа стилски во секое опкружување. Флексибилното ракување со хартијата и повеќенаменскиот магацин за 150-листа, нудат целосна удобност, дури и при обработка на големи работни задачи.

ИЗБОРНО МРЕЖНО ПЕЧАТЕЊЕ
Работните групи можат да ги споделуваат изворите за ласерско печатење. Потребен е само сервер за печатење AXIS 1650, кој може да се инсталира брзо и лесно, за да го претвори уредот во навистина продуктивен мрежен печатач.

CANON ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ЛЕСНОТИЈА И ЕФИКАСНОСТ
CAPT (Canon Advanced Printing Technology) (Canon технологија на напредно печатење) овозможува ласерско печатење со одличен квалитет и екстра лесно ракување. Обезбедува едноставен Windows графички интерфејс со пријателска функција ‘звучна помош’, така што без напор можете да печатите професионални документи со висок квалитет. SCoA (Smart Compression Architecture) (Архитектура на интелигентно компримирање) автоматски ги компримира податоците во компјутерот, пред да се испратат до печатачот. Тоа значи дека податоците се обработуваат многу побрзо и дека е потребна многу помала меморија во печатачот.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања

Брошури
Драјвери

Сродни производи

Ласерски мултифункционални уреди
Дигитални персонални уреди за копирање
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба