Практичен за на биро Дизајниран за вашето биро, овој индивидуален црно-бел ласерски печатар обезбедува професионален печатен материјал со брзина од 14 страни во минута. Стилизиран и ефтин, неговиот дизајн со кој ви заштедува простор вклучува и практичен поклопец на магацинот за хартија кој се вовлекува назад.
Го штеди вашето време Печати тогаш кога ви треба, без чекање, благодарение на технологиите Quick First-Print. На i-SENSYS LBP3010 не му треба време за загревање од режим на мирување, така што вие можете да започнете со печатење веднаш кога ви е тоа потребно. Покрај тоа, брзото време на печатење на првата страна од 8,5 секунди па дури и помалку, ви заштедува уште повеќе време.
Врвен квалитет на ласер Збогатете ја вашата работа со вистински професионален допир. Нашиот MS (Магнетско-сферски) тонер беше специјално развиен со цел да обезбеди неверојатни резултати кај ласерското печатење - произведувајќи јасен и чист текст и врвни графики. Резолуцијата на печатење до 2400 x 600 dpi при што користи Автоматско рафинирање на слика обезбедува и најфините детаљи да бидат отпечатени јасно.
Економичен и тивок Овој економичен, еколошки печатар користи само 2 вати во режим на мирување. Практичниот прекинувач на напојување на предниот дел го олеснува исклучувањето, и дополнително ги намалува трошоците за енергија. Благодарение на дизајнот на моторот без вентилатор, овој уред за на биро не дава звук кога е во мирување и е тивок во тек на работењето - така што вие можете да се концентрирате на вашата работа без да бидете вознемирувани од буката во позадина.
Практична касета се-во-едно Едноставно заменете ја компактната касета - која содржи тонер, барабан и единици за чистење - и вашиот печатар е повторно како нов. Нема неред и проблеми. За да ги искористите придобивките од постојан висок квалитет на крајниот производ, секогаш користете оригинални ласерски касети на Canon.
|