Оваа единица, којашто штеди простор и лесна е за користење, овозможува професионални ласерски отпечатоци со 21 страници во минута - со двострано печатење, флексибилно снабдување со хартија и изборно работење во мрежа.
|
Брзината што ви треба
Документите ви требаат брзо, а i-SENSYS LBP3300 ги испорачува. Брзината на печатење од 21 страница во минута ви овозможува да ги запазите и најкусите рокови - со професионални ласерски отпечатоци за совршена завршна обработка.
Автоматско двострано печатење
Стандардна вградена двонасочна единица овозможува автоматско двострано печатење со еден допир. Направете вашите извештаи да изгледаат попрофесионално и истовремено заштедете на трошоците за хартија. Полесно не може да биде.
Без чекање или грижи
Технологија на на Canon за фиксирање речиси го елиминира времето на загревање и на чекање. Првата копија излегува за само 9 секунди или помалку. Напредната технологија на печатење на Canon и Архитектурата на интелигентно компримирање овозможуваат супериорна брзина на обработка - заедно со едноставна контрола на сите нагодувања на печатачот преку едноставен графички интерфејс.
Професионален квалитет на печатење
Резолуцијата на печатење од 600 x 600 dpi испорачува професионални отпечатоци, со ласерски квалитет. Ова е зголемено дури до еквивалент од 2400 x 600 dpi со помош на Технологијата на Canon за автоматско подобрување на сликата. Добијте јасни, остри отпечатоци за сета ваша работа, без оглед дали се работи за текст, фотографии или графика.
Практична касета Се-во-Едно
Едноставно заменете ја касетата Се-во-Едно, од Canon, која го содржи тонерот и сите суштински делови, и вашиот печатач е повторно како нов. Нема компликации или грижи околу одржувањето - само постојани резултати со висок квалитет. Достапна е и касета со поголема количина тонер, која ви овозможува да печатите повеќе од двојно количество на страници.
Флексибилно снабдување со хартија
Стандардната касета за 250-страници ги задоволува повеќето потреби со изборна касета од 250-страници, достапна за печатење големи количини. i-SENSYS LBP3300 печати на широка палета формати на хартија, за сите ваши потреби.
Опција - мрежно работење
Споделете ги ресурсите на печатачот ширум канцеларијата со помош на мрежната картичка NB-C2, на Canon. Лесно се инсталира и ја зголемува продуктивноста на печатење. USB2.0 Hi-Speed е вклучен како стандард за да ја забрза обработката на слики помеѓу компјутерот и печатачот.
Целосно фронтално ракување
Овој стилски, тивок печатач, кој штеди простор, е конструиран за целосно фронтално ракување. Лесен за сместување дури и во најтесниот простор, тој овозможува замена на хартија и патрони од предната страна, без компликации.
|