Компактен и робустен Овој компактен и робустен i-SENSYS ласерски печатач испорачува професионални документи на барање, со брзина на печатење од 21 страница во минута. Практичното ракување од горе го прави лесен за сместување, користење и одржување. Опциите со високи спецификации како стандард обезбедуваат продуктивни перформанси.
Брзо до Прв Отпечаток за заштеда на време Со време на излегување на првиот отпечаток за помалку од 9 секунди и нула време на загревање, нема чекање наоколу. Благодарение на технологијата за фиксирање по потреба, UFRII LT брзата обработката и EF тонерот со висок квалитет - печатачот стапува во акција веднаш штом ви затреба.
Практична поддршка за PCL 5e/6 Поддршката за PCL5e/6 обезбедува беспрекорна интеграција во постојните опкружувања за печатење со PCL. Згора на тоа, UFRII - нашата сопствена PDL технологија - овозможува супериорна брзина на обработка, за брзо печатење на документите.
Подготвен за мрежа Со помош на вградената мрежна картичка, корисниците во мрежа можат заеднички да го користат печатачот. Програмата за инсталирање NetSpot овозможува брзо и лесно поставување. Вградениот далечински кориснички интерфејс им овозможува на корисниците и на администраторите да го управуваат и надгледуваат статусот на печатачот преку нивните стандардни Интернет-прелистувачи.
Професионален квалитет на печатење Подобрената резолуцијата на печатење од 2400 x 600 dpi испорачува професионални отпечатоци со ласерски квалитет. Добијте јасни, остри отпечатоци за сета ваша работа, без оглед дали се работи за текст или комплексна графика.
Автоматско двострано печатење Скратете ги трошоците за хартија со автоматско двострано печатење, благодарение на вградената двонасочна единица. А и помагате и на животната средина со намалување на трошењето хартија.
Касета се-во-едно без одржување Едноставно заменете ја касетата се-во-едно, која ги содржи тонерот и сите суштински делови, и вашиот печатач е повторно како нов 'подготвен да дава отпечатоци со постојан висок квалитет. Изборната касета со голема количина тонер, ви овозможува да печатите повеќе од двојно количество на страници, намалувајќи ги трошоците по страница.
Разновидно снабдување со хартија Максималниот капацитет на хартија од 500 листа - кој се состои од стандардна касета за 250 листа, плус изборна касета за уште 250 листа - се справува со работата и во најдинамичните канцеларии. Печатете на различни големини на хартија до А4.
Широка компатибилност - i-SENSYS LBP3360 нуди поддршка за Windows, како и за англиските верзии на Mac и Linux. Интерфејсот USB2.0 Hi-Speed ја забрзува обработката на слики помеѓу компјутерите и печатачот.
* Сопствениот јазик за печатачи на Canon
|