Искористете ги предностите од брзо, професионално печатење со 8 страници во минута, со овој елегантен и тивок печатач, кој штеди простор. Практичните патрони за боја Се-во-Едно, на кои не им треба одржување, даваат дополнителна леснотија.
|
Ласерско печатење во боја на вашата работна површина Извлечете го максимумот од практичното и професионално ласерско печатење во боја, тука, на вашата работна маса, со помош на i-SENSYS LBP5000. Елегантниот, стилски и робустен печатач ги испорачува вашите документи во истиот момент, кога ви требаат.
Брзо печатење во боја и црно-бело Зголемете ја продуктивноста со голема брзина на печатење од 8 страници во минута, како во боја така и црно-бело. Со нашата технологија за фиксирање По-Потреба, речиси да нема време на загревање или чекање, а првите отпечатоци во боја излегуваат брзо.
Напредната технологија на печатење на Canon и Архитектурата на интелигентно компримирање обезбедуваат супериорна брзина на обработка и повисок квалитет на печатење - со едноставна контрола на сите нагодувања на печатачот преку лесен-за-користење графички интерфејс на Windows. Интерфејсот USB2.0 Hi-Speed го забрзува преносот на податоците со слики помеѓу компјутерот и печатачот.
Практични патрони во боја Се-во-Едно i-SENSYS LBP5000 е првиот печатач во боја на Canon со патрони Се-во-Едно. Едноставно заменете го патронот, кој го содржи тонерот во боја и сите суштински делови и вашиот печатаче повторно како нов. Нема компликации или грижи околу одржувањето - само постојани резултати со висок квалитет.
Професионален квалитет на печатење Резолуцијата на печатење од 600 x 600 dpi испорачува професионални отпечатоци во боја, со ласерски квалитет. Ова е зголемено до еквивалент од 9600 x 600 dpi со помош на Технологијата на Canon за автоматско подобрување на сликата. Добијте јасни и живописни отпечатоци за сите свои графики, фотографии и текст.
Флексибилна залиха хартија Стандардната касета за 250-страници ги задоволува повеќето потреби со изборна касета од 250-страници, достапна за печатење големи количини. i-SENSYS LBP5000 печати на широка палета формати на хартија, за сите ваши потреби.
Изборно мрежно работење Споделете ги ресурсите на печатачот ширум канцеларијата со помош на сопствена марка на мрежна картичка NB-C2, на Canon. Лесен за инсталирање, тој ја зголемува продуктивноста на печатење за работните групи, а поддржува и широка палета мрежни нагодувања.
Дизајн кој штеди простор Овој стилски, робустен ласерски печатач во боја, кој штеди простор, е конструиран за целосно фронтално ракување. Лесен за сместување дури и во најтесниот простор, тој овозможува замена на хартија и патрони од предната страна, без компликации.
|