Canon i-SENSYS LBP5050n Ласерски печатачи
|
|
|
|
Споделете го професионалниот производ во боја со овој стилизиран, спремен за вмрежување, ласерски печатар за на биро. Компактен, тивок, лесен за работа и економичен, тој е идеално решение во боја за малите бизниси.
|
|
Карактеристики |
- Компактен, ласерски печатар во боја со професионален квалитет
- 8 стр/мин во боја, 12 стр/мин во црно-бела
- Подготвен за мрежа
- Без чекање со технологиите Quick First-Print
- До 9600x600 dpi печатење
- Касети во боја се-во-едно
- Тивко и економично работење
|
|
| Компактен, спремен за вмрежување ласерски печатар во боја за малите бизниси. |
|
Неверојатен краен производ во боја. Креирајте импресивен материјал за продажба и маркетинг во вашата фирма со овој стилизиран и компактен ласерски печатар во боја за на биро. Збогатете ја вашата работа со убави слики во боја, истакната графика и јасен текст - за да ги импресионирате вашите муштерии и клиенти. Процесирањето на слики на Canon и S-Toner гарантираат највисок квалитет на крајниот производ во боја.
Лесен за споделување Вградениот интерфејс за мрежа ви дозволува да ги споделувате вашите материјали во боја, така што можете да бидете сигруни дека од овој печатар го добивате максимумот. Инсталирањето на i-SENSYS LBP5050N во мрежата е брзо и лесно. Со автоматска конфигурација на IP и инсталација на „Покажи и Печати“, корисниците можат да започнат со печатење преку мрежа без какви било проблеми или задоцнување.
Перформанс за заштеда на време Со нашите Quick First-Print технологии, постигнато е нула време за загревање, така што нема чекање наоколу кога сакате да печатите. Уредот започнува со работа во моментот кога е тоа потребно. А со брзина до 8 стр/сек на печатени материјали во боја, исто така нема чекање за завршување на печатењето.
Практични касети во боја се-во-едно Едноставно заменете ја компактната касета во боја - која содржи супериорен Ѕ тонер, барабан и единици за чистење - и вашиот печатар е повторно како нов. Нема неред и проблеми. Секогаш користете оригинални Canon касети за да ги почувствувате придобивките од постојан висок квалитет на крајниот производ.
Тивок и економичен Благодарение на дизајнот на моторот без вентилатор, овој печатар не дава звук кога е во мирување и е тивок во тек на работењето - така што вие можете да се концентрирате на вашата работа без да бидете вознемирувани од буката во позадина. Уредот користи само 8 вати во режим на мирување со што се постигнува штедење и еколошка ефикасност.
Лесен за користење Уживајте во исклучително едноставното работење. Лесниот за користење Canon CAPT драјвер за печатар и Прозорот за статус на печатарот овозможуваат лесна контрола над печатарот - обезбедувајќи неверојатен печатен материјал во боја во секое време.
|
|
 |
|