Со поддршка за PCL, работење во мрежа и автоматско двострано печатење, како стандард, овој компактен ласерски печатач во боја, со високи спецификации, дава професионални резултати за работните групи со најголеми барања.
|
Продуктивни, професионални перформанси Овој компактен и робустен ласерски печатач во боја, брзо и тивко испорачува документи со висок квалитет - со брзина на печатење од 21 страница во минута, како во боја така и во црно-бело, и со излегување на првиот отпечаток за 10 секунди.
Вградено автоматско двострано печатење
Практичното вградено автоматско двострано печатење ви дава лесно да креирате документи со професионален изглед, кратејќи ги истовремено трошоците за хартија.
Со подготовка за мрежа и со практична поддршка за PCL
Вградената мрежна картичка и далечинскиот кориснички интерфејс, го прават овој ласерски печатач во боја идеален за споделување во мрежа. Поддршката за PCL5c/6 обезбедува беспрекорна интеграција во постојните опкружувања со PCL. UFR II - нашата сопствена јазична технологија - овозможува супериорна брзина на обработка, за брзо печатење на документите.
Брзо до Прв Отпечаток, нула време на загревање
Искористете ги предностите од перформансите на брзото печатење на првата страница, со речиси нула време на загревање од режимот на мирување, секогаш кога треба да печатите. Нашата технологија на фиксирање на боја по потреба, која го овозможува ова, овозможува и енергетска економичност и тивко работење. Во комбинација со нашиот S-тонер на барање и со технологијата на контрола, i-SENSYS LBP5360 нуди нула време на загревање, без чекање и со брзо време на печатење од режим на мирување.
Професионален квалитет на печатење
Подобрената резолуцијата на печатење од 9600 x 600 dpi испорачува професионални ласерски отпечатоци со висок квалитет. Супериорниот S тонер овозможува живописни контрастни бои и остар текст за сета ваша работа.
Касети во боја се-во-едно
Економичните касети се-во-едно ги намалуваат потребите од одржување и обезбедуваат постојани резултати со висок квалитет. Едноставно заменете ја компактната касета - која содржи тонер, барабан и единици за чистење - и вашиот печатач е повторно како „нов“.
Голема меморија, плус опциски ХДД
Печатачот има стандардна меморија од 128MB, која може да се прошири до 384MB. ХДД од 20 GB е достапен за работни групи со големи барања, кои се справуваат со значително печатење во мрежа и големи датотеки за печатење.
Флексибилно ракување со хартијата
Максималниот капацитет на хартија од 850 листа се справува со работата и во најдинамичните средини на печатење. Тој се состои од касета за 250 листа и повеќенаменски магацин за 100 листа, како стандард - плус изборна касета за 500 листа. Печатете на различни големини до А4.
Широка компатибилност
- i-SENSYS LBP5360 е компатибилен со Windows. Тој нуди поддршка и за англиските верзии на Mac и Linux, дистрибуирани преку интернет.
|