Голема продуктивност Овој продуктивен црно-бел ласерски печатач е целосно дизајниран да ви овозможи навремено завршување на сите задачи. Дизајниран за корпоративни работни групи и совршен за печатење на голем обем, тој нуди исклучително големи брзини на печатење од 40 стр./мин. Технологијата за брзо печатење на првата страница од Canon нуди време за загревање речиси еднакво на нула од режим на подготвеност, а времето потребно за печатење на првата страница изнесува 8 секунди.
Автоматско двострано печатење Зголемете ја професионалноста со автоматското печатење на двете страни од документот – и истовремено заштедете хартија.
Огромна залиха на хартија Опремен со стандардна касета за 500 листови и фах за 100 листови, i-SENSYS LBP6750dn може да се надополни со 2 x касети за 500 листови, добивајќи вкупна залиха на хартија од 1600 листови. Тоа ви овозможува да се справите и со најобемните задачи без никаков напор.
Вградено поврзување во мрежа Споделување на ресурсите на печатачот за максимална продуктивност со стандардно поврзување во мрежа преку вградениот 100BASE-TX/10BASE-T. Едноставен за поставување, користење и контролирање преку секој поврзан компјутер.
Поврзувањето преку изборниот IEEE 802,11 b/g овозможува и безжично поврзување.
PCL5e/6 и изборна поддршка за PS Овој печатач може да се користи во сите опкружувања со PCL печатење благодарение на стандардната поддршка за PCL 5e/6. Достапна е и опција за PostScript, а за максимална флексибилност Canon нуди поддршка за сопствениот UFR II јазик на печатач со високи перформанси.
Ласерско печатење со исклучителен квалитет Печатење на најостар и најјасен текст и графика со многу детали благодарение на резолуцијата на печатење од 2400 x 600 dpi со автоматско усовршување на слика.
Едноставно користење 5-линискиот LCD екран со анимации го прави овој печатач едноставен за ракување. "Сè-во-едно" картриџот на Canon - кој содржи тонер и сите важни делови - може да се замени за неколку секунди. Нема повеќе неред или грижи за одржување - само континуирано висококвалитетно печатење. Исто така, достапен е картриџ со тонер за поголема потрошувачка кој ви овозможува печатење на двојно поголема количина на страници.
Енергетска ефикасност Намалете го влијанието врз животната средина со типичната потрошувачка на енергија (TEC) од само 2,0 KWh/неделно, водечка во својата класа.
* TEC ја означува типичната потрошувачка на електрична енергија на уредот во период од 1 недела. Методологијата за тестирање е дефинирана од страна на Energy Star: http://www.eu-energystar.org
|