Стилски дизајн кој ќе ви заштеди простор Компактниот дизајн на i-SENSYS LBP7010C и неговото тивко функционирање го прават идеален печатач за на маса за користење во малите канцеларии или работната соба. Овој достапен ласерски печатач, со мали димензии и брз одзив, нуди печатење во боја со исклучителен квалитет.
Брзо започнување со печатењето Нема потреба од чекање кога сакате да печатите, благодарение на технологијата на Canon за брзо печатење на првата страница. Со печатење до 16 стр./мин. во црно-бело и 4 стр./мин. во боја, тој се одликува со време за печатење на првата страница во црно-бело од само 13,6 секунди – при што задоцнувањето на првата страница е минимално.
Извонредно печатење – во боја и црно-бело Оставете впечаток со материјали испечатени со одличен квалитет. Со резолуцијата за печатење до 2400 x 600 dpi ќе забележите подобрување на деталите, остар и јасен текст и рамномерни сиви нијанси. Врвната обработка на слика и иновативниот S-Toner од Canon обезбедуваат испечатени материјали со најдобар квалитет.
Намалете ги трошоците со малата потрошувачка на енергија Врвната енергетска ефикасност на i-SENSYS LBP7010C ќе ви помогне да заштедите пари и да ги намалите трошоците за одржување, како и да ја намалите вашата емисија на јаглерод. Како дел од обврската на Canon за обезбедување на колку што е можно поеколошки производи, овој ласерски печатач во боја има сертификат Energy Star. Неговата типична потрошувачка на електрична енергија (TEC) од само 0,5 kWh и потрошувачката од 1,1 вати во режим на мирување, го прави еден од најефикасните печатачи во неговата класа.
Лесно се користи и управува Овој печатач е исклучително едноставен за поставување и ракување. Картриџите за тонер лесно може да се заменат, а специјалните функции за намалување на шум овозможуваат потивко и попријатно работно опкружување, при што ќе можете да се концентрирате на вашето деловно работење. Бидете сигурни дека практичниот драјвер CAPT за печатачи од Canon ќе ви заштеди време и ќе ви обезбеди неверојатно печатење во боја.
|