Ласер во боја со високи перформанси Максимизирајте ја продуктивноста во динамичните работни групи со овој стилски ласерски печатач во боја. Доволно компактен за да се смести на работна маса, на корисниците им нуди практичен печатач во непосредна близина кој нуди брзо печатење со професионален квалитет – 20 страници во минута во црно бело и во боја. Технологијата за брзо печатење на првата страница од Canon овозможува и пократко време за чекање на документите.
Професионален квалитет на печатење i-SENSYS LBP7660Cdn се одликува со резолуција за печатење од 9600 x 600 dpi за висококвалитетно печатење, која е подобрена со автоматското усовршување на слика за добивање на совршена завршна обработка при секое печатење. Печатачот е опремен со стандардна меморија од 768MB која му обезбедува капацитет да се справи со големи, сложени документи и графика, како и со потребите за мрежно печатење.
Едноставно користење Дури и почетниците ќе можат едноставно да ракуваат со овој ласерски печатач во боја. Интуитивниот 5-линиски LCD екран овозможува едноставно подесување и навигација помеѓу различните подесувања на уредот.
Разновидно поврзување i-SENSYS LBP7660Cdn беспрекорно се интегрира во вашите деловни задачи преку неговата поддршка за печатење со индустрискиот стандард PCL5c/6 и изборниот софтвер Adobe® PostScript. Благодарение на вградената Gigabit Ethernet врска, тој може да се справи со обемни работни задачи и да обезбеди оптимални мрежни перформанси.
Енергетска ефикасност која ќе ви заштеди пари Врвната енергетска ефикасност на i-SENSYS LBP7660Cdn ви овозможува да ги намалите трошоците – како и вашето влијание врз животната средина. Усогласен со Energy Star, тој троши само 1,0 ват енергија во режим на мирување и има ниска типична потрошувачка на енергија (TEC) од 0,9 kWh, а тоа го прави еден од најефикасните во неговата класа. Со вграденото автоматско двострано печатење може да ја намалите потрошувачката на енергија, која не само што ќе ви заштеди пари туку и ќе го намали вашето штетно влијание врз животната средина.
Едноставно управување Благодарение на евтиниот "сè-во-едно" картриџ за бои – кој содржи тонер, барабан и единици за чистење – за печатачот не е потребно речиси никакво одржување. Картриџот лесно може да се замени за неколку секунди, без никаков неред. Со користење на автентичен ласерски картриџ од Canon може да бидете сигурни дека вашиот печатач ќе биде како нов.
|