Применувајќи MEAP во новата генерација на ласерски печатачи од Canon, i-SENSYS LBP7680Cx поставува нови стандарди за продуктивност, безбедност, животната средина и интеграција во системите.
|
Нова генерација на технологија MEAP, нашата платформа основана врз Java за создавање на апликации, за прв пат се вградува во ласерски печатач од Canon – за да можете да создадете апликации за решенијата кои се сместени во самиот печатач. Таа му овозможува на i-SENSYS LBP7680Cx беспрекорно да се интегрира во uniFLOW за олеснување на управувањето со печатењето и истовремено намалување на трошоците.
Ласер во боја со високи перформанси Максимизирајте ја продуктивноста во динамичните работни групи со овој стилски ласерски печатач во боја, со помош на вграденото двострано печатење. Доволно компактен за да се смести на работна маса, на корисниците им нуди практичен печатач во непосредна близина кој нуди брзо и тивко печатење со професионален квалитет – 20 страници во минута во црно бело и во боја. Технологијата за брзо печатење на првата страница од Canon овозможува и кратко време за чекање на документите.
Професионален квалитет на печатење i-SENSYS LBP7680Cx се одликува со резолуција за печатење од 9600 x 600 dpi за висококвалитетно печатење, која е подобрена со автоматското усовршување на слика за добивање на совршена завршна обработка при секое печатење. Печатачот е опремен со стандардна меморија од 768MB која му обезбедува капацитет да се справи со големи, сложени документи и графика, како и со потребите за мрежно печатење.
Едноставно користење Дури и почетниците ќе можат едноставно да ракуваат со овој ласерски печатач во боја. Интуитивниот 5-линиски LCD екран овозможува едноставно подесување и навигација помеѓу различните подесувања на уредот.
Разновидно поврзување i-SENSYS LBP7680Cx беспрекорно се интегрира во вашите деловни задачи преку неговата поддршка за печатење со индустрискиот стандард PCL5c/6 и Adobe® PostScript. Благодарение на вградената Gigabit Ethernet врска, тој може да се справи со обемни работни задачи и истовремено да обезбеди оптимални мрежни перформанси.
Напредна безбедност Заштитете ги вашите информации и чувајте ги на безбедно со истите напредни функции кои се користат кај нашите повеќефункционални печатачи imageRUNNER ADVANCE, вклучувајќи ја и компатибилноста со IPSec и IEEE 802.1x. Изборното безбедно печатење од поштенското сандаче ги заштитува чувствителните информации, погрижувајќи се доверливиот материјал да остане во вистинските раце.
Директно печатење од USB уред за складирање i-SENSYS LBP7680Cx е првиот ласерски печатач од Canon кој нуди директно печатење од кој било USB медиум за складирање. Тој поддржува Tiff, JPEG, PDF и XPS фајлови, а со помош на јасниот екран корисниците лесно ќе можат да го изберат саканиот фајл и брзо да го испечатат.
|